Skip to main content

Вечер на Лигата на шампиони

Погледнете некои од најинтересните натпревари кои се играатвечерва во рамките на Лигата на шампиони.

 |  Крсте Голабовски  | 
Погледнете некои од најинтересните натпревари кои се играатвечерва во рамките на Лигата на шампиони.

Фудбалерите на рускиот Зенит го дочекуваат Реал Мадрид, во второто коло на Х групата во Лигата на Шампиони. Зенит се надева на прв гол во вториот натпревар кој ќе го игра во Лигата на шампиони, а потребни му се два голови за да заокружи на 100 погодоци во 59-от меѓународен натпревар. Холанѓанецот на клупата на Зенит Дик Адвокат, знае колку овој натпревар е важен за неговата екипа, после најавата за неговото заминувањеод Зенит. Но, сепак тој знае дека нема да биде лесно против лидерот.

Фудбалерите на Баерн од Минхен го дочекуваат францускиот Лион на Алијанс арената во второто коло на групата Ф, од Лигата на шампиони. Тренерот на баварците Јирген Клинсман се надева на втората победа во групата покрај не толку сјајната форма на своите избраници.

Liga na sampioni„Мислам дека е добар момент за овој натпревар. Нормално е да постојат проблеми кога ќес е изгуби, но моментално екипата се трансформира и ја менува својата физиономијата, па очекувам да напредуваме со секој нареден натпревар“ изјави поранешниот тренер на германската репрезентација.

Клубот се наоѓа на деветтото место на Бундес лигата после поразот од хановер од 1:0 со осум поени. ѓ

Европскиот првак пак, Манчестер Јунајтед патува во Данска, каде му гостува на Олдборг во натпревар од вотрото коло на Е групата од Лигата на шампиони.
Црвените ѓаволи, пред две години загубија од Копенхаген, а Сер Алекс фергусон во врска со тоа изјави:

„Најважно е сериознода го сватиме противникот. Олдборг е мал клуб со само 10.000 навивачи, но ние мораме да избегнеме било какви стапици и максимално да се залагаме од самиот почеток.“
Како и да е, љубителите на фудбалот ги оѓекува интересен Вторник.