Skip to main content

Вечерва почнува снежното лудило

Дваесет и првите Зимски олимписки игри во Ванкувер, Канада, започнуваат денеска.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Дваесет и првите Зимски олимписки игри во Ванкувер, Канада, започнуваат денеска.

logoНа игрите кои ќе траат до 28 февруари ќе учествуваат 5.500 натпреварувачи од околу 80 земји во 15 спортови. На оваа олимпијада Македонија ќе ја претставуваат тројца натпреварувачи. Алпинецот Антонио Ристевски и нордијците Дарко Дамјановски и Росана Кироска. Норма во биатлон имаше исполнето и Ѓорѓи Ицовски, но тој отпадна, поради слабиот рејтинг на македонскиот зимски спорт. Најголеми фаворити за освојување на медали се натпреварувачите од Германија, САД и Австрија. Свеченото отворање на ЗОИ ќе почне во 19 часот по локално време. За денешната церемонија се потрошени околу 40 милиони долари, што е второ најскапо отворање по лои во пекинг 2008 година. Синоќа олимпискиот оган стаса на својата последна дестинација, Ванкуваер, откако во изминатите 106 дена мина низ повеќе од илјада места ширум Канада.








{loadposition content}