На платото пред хотелот „Палас“, вечерва, ќе бидат претставени учесниците на 36-то издание на Охридскиот пливачки маратон.
Церемонијата на претставување на пливачите започнува во 20 часот.
Во склоп на настанот ќе биде доделена традиционалната награда „Климе Савин“.
Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи во сабота, 26 август, во организација на ПК Охридски бранови, со поддршка на Општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата на млади и спорт.
Наградниот фонд на маратонот изнесува 12000 евра.
Манифестацијата оваа година е дел од првото издание на Фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival.