Skip to main content

Вечерва во 18 повторно навиваме за Македонија во борба против холанѓаните

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Вараждин се подготвува за нова битка на Светското првенство 2025.
 |  инфодеск  | 

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот во Вараждин се подготвува за нова битка на Светското првенство 2025. По храбриот и инспиративен натпревар против силната Унгарија, нашите ракометари се подготвени да се соочат со уште еден предизвик – брзата и незгодна селекција на Холандија.

По одличното издание против фаворизираната Унгарија, избраниците на Лазаров и вечерва ќе се сретнат со селекција која ќе ја има улогата на фаворит. Но нашите ракометари на премиерата покажаа дека со поддршка од македонската навивачка фаланга, која е се побројна во Вараждин можат рамноправно да играат и против репрезенатциите од врвот на европскиот и светски ракомет.

Во првиот меч од групата Д пред два дена Холандија лесно и убедливо со 40-23 го декласираше дебитантот Гвинеја.

Фото: sportm.mk