Skip to main content

Турнир Враништа 2023

Вечерва започна турнирот во мал фудбал „Враништа 2023″

До недела ќе се играат по три натпревари, додека пак според програмата понеделник е предвиден за слободен ден, а потоа во вторник, среда и четврток ќе биде комплетирана првата фаза од турнирот.
 |  инфодеск  | 
Враништа

Вечерва со три натпревари започнува турнирот во мал фудбал „Враништа 2023″, кој традиционално се одржува со години во струшкото село Враништа.

Оваа година учество пријавија 24 екипи кои ќе бидат поделени во осум групи со по три екипи во група.

Вечерва официјално турнирот започна со првиот натпревар во 20 часот помеѓу екипите на БиЗи Груп и Лакочереј, еден час подоцна Камионски делови БОСС игра против екипата на Хотел Тино, додека пак во 22 часот следува натпреварот меѓу Дебрца Ексрес и Ултрас.

До недела ќе се играат по три натпревари, додека пак според програмата понеделник е предвиден за слободен ден, а потоа во вторник, среда и четврток ќе биде комплетирана првата фаза од турнирот.