Skip to main content

Вердер ги казнува неонацистите

Вердер казни осуммина навивачи со забрана за доаѓање на натпреварите на стадионот Везер.

 |  Крсте Голабовски  | 
navivaci Verder
навивачи Вердер
Вердер казни осуммина навивачи со забрана за доаѓање на натпреварите на стадионот Везер.

Германскиот клуб ја разгледува можноста да ја прошири забраната на сите натпревари во Германија. На натпревар од Бундеслигата Вердер-Бохум, група на млади момчиња се обиде да рашири неонацистички транспаренти и знамиња.

fudbaleri Verder„Не ни се потребни такви навивачи во стадионот. Овој инцидент го сфативме многу сериозно и во иднина ќе направиме се за да ги спречиме таквите инциденти.“ стои во соопштението на управниот одбор на Вердер.

Група навивачи ги спречила неонацистите да ги рашират транспарентите и после тоа осуммината навивачи беа приведени.

Освен конфликтот на трибините и на теренот се случуваа инциденти помеѓу играчите. Фудбалерот на Вердер, месуто ОЗил доби црвен картон поради удирање на противнички натпреварувач.

 

{loadposition content9}