Фетел револтиран од новото правило на ФИА
Шампионот на Формула 1, Германецот Себастијан Фетел изјави дека е апсурдно новото правило на ФИА, според кое во последната трка во сезоната поените ќе се дуплираат.
Шампионот на Формула 1, Германецот Себастијан Фетел изјави дека е апсурдно новото правило на ФИА, според кое во последната трка во сезоната поените ќе се дуплираат.
ФИА во понеделник соопшти дека со цел да се внесе неизвесност во шампионатот од 2014 година, на последната трка ќе има дуплирање на поените.
-Ги почитувам старите правила и традицијата на Формула 1, но ова не го разбирам. На овој начин се казнуваат сите кои во текот на целата сезона се труделе. Замислете како би изгледало во последното коло на Бундеслигата поените да се дуплираат – рече Фетел.
Тој веќе четири пати постојано е шампион и логично е што ова правило најмногу му засмета, со оглед дека ќе им се помогне на ривалите да му станат конкуренти.
Последната трка наредната сезона ќе се вози на 23-ти ноември за Големата награда на Абу Даби.
ФИА исто така најави дека возачите од 2014 година сами ќе го изберат бројот на својот болид. Бројот еден ќе му биде доделен на шампионот доколку сака да го земе.
{loadposition content9}