Skip to main content

Фетел револтиран од новото правило на ФИА

Шампионот на Формула 1, Германецот Себастијан Фетел изјави дека е апсурдно новото правило на ФИА, според кое во последната трка во сезоната поените ќе се дуплираат.

 |  Голабовски Крсте  | 
Sebastijan Vettel
Себастијан Фетел

Шампионот на Формула 1, Германецот Себастијан Фетел изјави дека е апсурдно новото правило на ФИА, според кое во последната трка во сезоната поените ќе се дуплираат.

Sebastijan VettelФИА во понеделник соопшти дека со цел да се внесе неизвесност во шампионатот од 2014 година, на последната трка ќе има дуплирање на поените.

-Ги почитувам старите правила и традицијата на Формула 1, но ова не го разбирам. На овој начин се казнуваат сите кои во текот на целата сезона се труделе. Замислете како би изгледало во последното коло на Бундеслигата поените да се дуплираат – рече Фетел.

Тој веќе четири пати постојано е шампион и логично е што ова правило најмногу му засмета, со оглед дека ќе им се помогне на ривалите да му станат конкуренти.

Последната трка наредната сезона ќе се вози на 23-ти ноември за Големата награда на Абу Даби.
ФИА исто така најави дека возачите од 2014 година сами ќе го изберат бројот на својот болид. Бројот еден ќе му биде доделен на шампионот доколку сака да го земе.

{loadposition content9}