Skip to main content

Викенд и празник на фудбалот

Седум големи и атрактивни дерби натпревари

 |  инфодеск  | 

Во сабота и недела се играат некои од најголемите дерби натпревари на европскиот фудбал. Во Англија се играат два градски дербија, на Иберијскиот полуостров на програмата се дерби натпревари во Мадрид и Лисабон, а еден од најголемите се игра во Серија А.

Во сабота програмата ја отвораат во 13.45 на Вајт Харт Лејн а се среќаваат Тотенхем и Арсенал. Во деосегашните средби Тотенхем има 49 победи а Топџиите 66 додека 44 средби завршиле нерешено.

Штом заврши овој меч на островото, започнува дербито на Винсенте Калдерон помеѓу Атлетико и Реал Мадрид.  Дербито се игра по 156 пат а во досегашните дуели Реал победил 85 пати и има 37 порази, а 33 мечеви завршиле без победник.

Веќе од 18.30 започнува 192 лигашко дерби помеѓу градските ривали Евертон и Ливерпул. Карамелите имаат 57 победи и 74 порази а 60 пати играле нерешено.

Саботниот термин го затвора големото дерби во Серија А помеѓу Јувентус и Милан кои се среќаваат по 218 пат. Старата дама е поуспешна со 79 триумфи, 66 порази и 72 нерешени средби.

Неделниот термин го отвара грчкото дерби на водечките екипи во шампионатот, Паок – Олимпијакос во 18.30 часот, а продолжува со големите дерби натпревари во Португалија помеѓу Спортинг и Бенфика и во Франција помеѓу Лион и ПСЖ кои се играат во 21.00.

{loadposition content9}