Вилшер покажа ама и си доби „среден прст“
Неспортскиот гест упатен кон навивачите на Манчестер Сити младата ѕвезда на Арсенал ќе ја чини два натпревари неиграње по суспензијата која му ја изрече Англискиот фудбалски сојуз (ФА).
Неспортскиот гест упатен кон навивачите на Манчестер Сити младата ѕвезда на Арсенал ќе ја чини два натпревари неиграње по суспензијата која му ја изрече Англискиот фудбалски сојуз (ФА).
Убедливиот пораз на Арсенал на гостувањето на „Етихад“ изминатава сабота покрај голеадата во која публиката виде дури девет погодока (6:3 за Сити), помина и во неспортскиот гест од страна на Џек Вилшер кон домашните навивачи.
Англискиот репрезентативец во една ситуација им покажа среден прст на симпатизерите на Сити, нешто што не помина со санкција од главниот судија, но не им „избега“ на ТВ камерите.
Во Арсенал прифатија дека нивниот играч се однесувал неспортски во таа ситуација, но се согласуваат со висината од казната од два натпревари неиграње на која веднаш вложија жалба.
За денеска е закажано разгледувањето на жалбата по што ќе биде познато дали на Вилшер ќе му биде намалена казната или тој сепак ќе мора на „ладење“ во следните два премиерлигашки натпревари – против Челси на 23.12 на „Емирејтс“ и три дена подоцна нагости кај Вест Хем.
{loadposition content9}