Skip to main content

Вимблдон си доби подвижен покрив

Тенискиот турнир на Вимблдон годинава може да се одржи и во доцните ноќни часови, откако на централниот терен сега функционира движечки покрив.

 |  Крсте Голабовски  | 
pokriv
покрив
Тенискиот турнир на Вимблдон годинава може да се одржи и во доцните ноќни часови, откако на централниот терен сега функционира движечки покрив.
На тој начин во случај на врнежи од дожд покривот се активира, а со тоа и дополнителните рефлектори кои овозможуваат натпреварот да се игра и навечер.

VimldonОрганизаторите одлучија да не го менуваат распоредот на натпревари, меѓутоа во исто време нема да има прекин на натпреварите кои можат да бидат продолжени. Според организаторите, 8 до 10 минути е времето додека покривот да го покрие теренот.

Во меѓувреме потребни се од 20 до 30 минути за да се активира воздушниот систем за вентилација. Претставувањето на покривот на централниот терен ќе се случи на 17 мај кога поранешните шампиони на Вимблдон – Андре Агаси и Штефи Граф ќе играат со двојката Тим Хенман и Ким Кластерс на меч за забава. Турнирот во Вимблдон ќе одржи од 22 јуни до 5 јули.

 

{loadposition content9}