Во организација на Веслачката федерација на Македонија, во Струга се одржа државното првенство во веслање. На регатната стаза “Ас” веслата ги вкрстија веслачи од сите веслачки клубови од државава (ВК Црн Дрим – Струга , ВК Врбник – Струга , ВК Горица Ремо – Охрид , ВК Дебар – Дебар ) најуспешни меѓу нив беа:
Скиф за пионери:
-Прво место Александар Хиохи
-Второ место: Стефан Чадоски
Скиф за кадети:
-Прво место: Леон Шутиноски
-Второ место: Вања Кукунеш,
Скиф за јуниори:
-Прво место: Кристијан Китаноски
-Второ место: Цветко Димоски
Дубл за кадети:
-Прво место: Александар Хиохи, Вања Кукунеш
-Второ место: Леон Шутиноски, Цветко Димоски
Скиф за јуниорки :
-Прво место : Ана Прентоска
-Второ место : Климентина Стојмиловска
Скиф за сениорки:
-Прво место: Александра Маленкоска
-Второ место: Тања Митрова
-Трето место: Валентина Караѓуле Модева
Најуспешни беа веслачите од веслачкиот клуб Црн Дрим од Струга , кој ја одбрани титулата екипен државен првак во веслање