Skip to main content

Успешна сезона за струшките веслачи

ВК Црн Дрим – Струга е екипен победник на меѓународната регата во Пловдив

Струшките веслачи остварија фантастични резултати во силна конкуренција.
 |  инфодеск  | 
ВК Црн Дрим Струга

Веслачкиот клуб Црн Дрим – Струга изминатиот викенд (23 и 24.09.2023 год.) учествуваше на силната меѓународна регата во Пловдив , Бугарија каде покрај нашиот претставник учествуваа и екипите на ВК Палич од Србија , ВК Черпоков Пловдив  , ВК ЦСКА Софија , ВК Хеброс Пловдив , ВК Бургас и домаќинот и организатор на оваа регата ВК Тракија Пловдив.

Македонскиот претставник ВК Црн Дрим оствари фантастични резултати и го освои првото место во севкупниот пласман.

Ана Прентоска го освои првото место во дисциплината скиф пионерки , а во дисциплината скиф кадетки заврши како втора.

Климентина Стојмиловска го освои првото место во дисциплината скиф јуниорки.

Елена Столеска го освои третото место во дисциплината скиф сениорки.

Леон Шутиноски и Андреј Симоновиќ го освоија првото место во дисциплината дубл кадети.

Цвете Димоски и Вања Кукунеш го освоија второто место во дисциплината дубл пионери.

Кристијан Китаноски го освои второто место во дисциплината скиф јуниори.

Александар Хиохи го освои четвртото место во дисциплината скиф пионери.

Струшките веслачи на оваа регата беа предводени од тренерите Игор Скепароски и Никола Мариноски и тим менаџерот Коста Хиохи .

,,Со настапот на регатата во Пловдив успешно ја завршивме оваа сезона и ги потврдивме одличните резултати кои ги остваривме оваа година ” изјави претседателот на ВК Црн Дрим , др.Здравко Голабоски