Skip to main content

Дубровник опен 2022

Вкупно 15 медали за ХВА РАНГ ИТФ

„Нашите натпреварувачи освоија вкупно 15 медали, од кои 6 златни, 4 сребрени, 5 бронзени“, изјави Марјанчо Лазаревски.
 |  инфодеск  | 
Хва Ранг Итф

Викендов, Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ турнир „Дубровник Опен 2022“ во Хрватска, каде што учествуваа околу 300 натпреварувачи од 24 клубови од 6 земји, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, БиХ и Македонија.

„ХВА РАНГ ИТФ“ под водство на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 9 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во 2 дисциплини форми (борба со замислен противник) и спаринг борби, а истотака двајца членови на клубот, настапија и како натпреварувач и како судии.                                                                     

Елена Јанеска и Божидар Димитриевиќ делеа правда, а истотака и се натпреваруваа, иако премногу напорно за нив, докажаа дека ако се сака се се може, па покрај одличното судење повторно се закитија и со медали. На овој натпревар Давид Крстески повторно докажа дека е врвен спортист освојувајќи злато и во борби и во форми и пехар за најдобар јуниор 14-17 години. На Христијана Парулеска патот до пехар и го прекинаа судиите во полуфиналните борби освојувајќи бронза во борби и злато во форми, додека Елена Јанеска покрај што судеше, освои бронза во форми и злато во борби, во финале против домаќините, победувајќи ги и судиите и публиката. Покрај нив и некои помлади натпреварувачи направија одлични успеси, Климент Богоески, Теодора Тодороска, Анастасија Чулческа, Бојана Китановска, кои ветуваат многу успеси за нашиот клуб – информираат од клубот.

Хва Ранг Итф

„Нашите натпреварувачи освоија вкупно 15 медали, од кои 6 златни, 4 сребрени, 5 бронзени“, изјави Марјанчо Лазаревски кој повторно користи да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор „ПН МЕТАЛ”, кој и овој пат е најзаслужен за нивниот успех. Лазаревски за 12.11-13.11.2022 најавува и учество на најтешкиот за оваа сезона Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „Бугарија Опен 2022“ во Пловдив, каде што ќе учествуваат натпреварувачи од многу земји од Европа, како што се Ирска, Естонија, Шпанија и други земји.

Хва Ранг Итф

Сите ги носат своите репрезентации да ги проверат за наредното Европско првенство, додека нашите натпреварувачи се доста истрошени овај месец каде што учествувавме на три многу силни турнири, но веруваме  во нив, па се надеваме дека ќе не израдуваат со некој медал – вели Лазаревски.                                                                     

Хва Ранг Итф