Skip to main content

Во Охрид одржано Државното првенство во парастрелаштво 2025

На Државното првенство на Македонија во воздушно оружје настапија 23 спортисти со телесен инвалидитет во 3 спортски дисциплини и 11 глуви и наглуви спортисти во 2 дисциплини.
 |  инфодеск  | 

На стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија, Параолимписки комитет на Македонија, се одржа првенството на Македонија во стрелање со воздушно оружје, на кое настапија 23 спортисти со телесен инвалидитет во три спортски дисциплини и 11 глуви и наглуви спортисти во две дисциплини.

Судии на првенството беа Валентина Гоџовска, Бранимир Јовановски и Драган Дојчиноски, а средства за одржување на натпреварот беа обезбедени од Министерството за спорт и од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Резултатите од натпреварот во прилог:

Спортисти со телесен инвалидитет:
Воздушен пиштол СХ1
1.Оливера Наковска Бикова-Битола 559 кругови;
2.Александар Јовановски-Скопје 525 кругови;
3.Ванчо Каранфилов-Скопје 517 кругови.

Воздушна пушка СХ1
1.Бранимир Јовановски-Куманово 311 кругови;
2.Зоран Јовановски-Струмица 286 кругови;
3.Новча Тодоровски-Куманово 279 кругови.

Воздушна пушка СХ2
1.Игорчо Постолов-Струмица 306 кругови;
2.Наташа Црвенковска-Битола 301 круг;
3.Оливера Наковска Бикова-Битола 295 кругови.

Глуви и наглуви:
Пиштол
1.Даниел Михајловиќ-Скопје 540 кругови;
2.Светлан Седмаков-Скопје 518 кругови;
3.Антонио Златков- Скопје 498 кругови.

Пушка
1.Светлан Седмаков-Скопје 300 кругови;
2.Милан Ѓорѓевски-Битола 276 кругови;
3.Даниел Михајловиќ-Скопје 261 круг.