Skip to main content

Во Охрид одржано трето Државно традиционално таеквондо (ИТФ) првенство на Македонија

Првенството беше одржано на 15 март 2025 година во С.Р.Ц. Билјанини извори и беше организирано од Таеквондо клубот „Мастер“ Охрид, со поддршка од Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ).
 |  инфодеск  | 

Во Охрид се одржа трето Државно традиционално таеквондо (ИТФ) првенство во организација на таеквондо клубот „Мастер“, а под капата на Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ).

-Во името на М.Т.Т.Ф., сакаме да изразиме искрено сочувство до семејствата на несреќно починатите лица во трагичниот настан во Кочани. Во чест на починатите, ги објавуваме резултатите од државното првенство со задоцнување. Нашите мисли се со семејствата и сите погодени од оваа трагедија Третото Државно Традиционално Таеквондо (ИТФ) првенство на Македонија, кое се одржа во Охрид, беше значаен настан за љубителите на овој спорт, велат од МТТФ.

Првенството беше одржано на 15 март 2025 година во С.Р.Ц. Билјанини извори и беше организирано од Таеквондо клубот „Мастер“ Охрид, со поддршка од Македонската традиционална таеквондо федерација (МТТФ). Ова беше важен настан не само поради високото ниво на натпреварувачите, туку и поради континуираниот раст на интересот за оваа дисциплина во Македонија. На натпреварот учествуваа 83 натпреварувачи кои се натпреваруваа во две дисциплини – форми и борби. Натпреварувачите доаѓаа од различни клубови: „Мастер“ Охрид, „Ахилиус“ Скопје, „ХВА Ранг ИТФ“ Лескоец, Охрид, „Сонкал“ Мислешево, Струга и „Чонџи“ Косел, Охрид. Многу од нив покажаа изврсни вештини, потврдувајќи ја својата подготвеност за можеби место во репрезентацијата.

Претседателот на МТТФ, Марјанчо Лазаревски, се заблагодари на Министерството за спорт и Општина Охрид за нивната поддршка во организирањето на првенството, како и на генералниот спонзор „ПН Метал“, кој ја поддржува федерацијата во нивните успеси. Натпреварувачите не само што се бореа за медали, туку и за место во репрезентацијата, со цел да учествуваат на Европското првенство во таеквондо ИТФ, кое ќе се одржи од 28. април до 4. мај 2025 година во Талин, Естонија.

Резултати од првенството:

-На петтото место Таеквон-до клубот „АХИЛИУС” Скопје со освоени 1 златен, 4 сребрен и 2 бронзени медали.

-Најдобар клуб е Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид со освоени 18 златни, 15 сребрени и 18 бронзени медали и 6 пехари за најдобри поединци

-На второто место се најде Таеквон-до ИТФ клубот „СОНКАЛ ”Мислешево Струга со освоени 9 златни, 4 сребрени и 4 бронзен медал и два пехари за најдобри поединци

-На третото место се најде Таеквон-до клубот „МАСТЕР” Охрид со освоени 4 златни, 4 сребрени, 1 бронзен медали и два пехари за најдобри поединци

-На четвртото место Таеквон-до ИТФ клубот „ЧОНЏИ” Косел Охрид со освоени 3 златни ,1 сребрен и 9 бронзени медали

Најдобри поединци во нивните старосни категории, кои покрај медали се закитија и со пехари се:

-Зорана Попоска, најдобра во категоријата од  8-9 години,

-Кристијан Гагалески, најдобар во категорија од 8-9 години,

-Адријана Китаноска, најдобра кадетка во категорија од 10-11 години,

-Христијан Шибакоски, најдобар кадет, во категорија од 10-11 години,

-Миа Танеска, најдобра кадетка во категорија од 12-13 години,

-Вук Бурмаја, најдобар кадет во категорија од 12-13 години,

-Анастасија Чулческа, најдобра јуниорка во категорија од 14-15 години,

-Даријан Китаноски, најдобар јуниор во категорија од 14-15 години,

-Христијана Парулеска, најдобра младинка во категорија од 16-21 година,

-Давид Крстески, најдобар младинец во категорија од 16-21 година.