Во организација на Стрелачкиот клуб “Охрид” денес на стелиштето Бејбунар се одржа Меѓународниот турнир со воздушно оружје. Во име на Општина Охрид организаторите и учесниците ги поздрави советникот Наум Јамандиев и го прогласи турнирот за отворен.
Ги упатувам моите честитки до Стрелачкиот Клуб „Охрид“ и Македонската стрелачка федерација за успешното организирање на денешната спортска манифестација, во која сите ќе уживаме.
Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континурано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека традиционалниот турнир по повод нашиот најголем празник Илинден, во иднина ќе расте и во квантитет и во квалитет и ќе изнедри квалитетни стрелци и Охрид ќе го направи центар на македонското спортско стрелаштво.
На сите натпреварувачи им посакувам врвни резултати и пријатен престој во Охрид, истакна во своето обраќање Јамандиев.