Skip to main content

Завршен турнир на ракомениот Куп на Македонија во Охрид

Во продажба билетите за ракометниот Куп во Охрид

Билетите за завршниот турнир на ракомениот Куп на Македонија се по цени од 100, 200 и 600 денари.
 |  инфодеск  | 
билети Куп на Македонија

Организаторот на завршните турнири во Купот на Македонија, ГРК Охрид објави дека oд денеска од 12 часот започнува продажбата на билети за сите натпревари.

Поединечни билети за полуфиналните пресметки во машка и женска конкуренција ќе се продаваат по цена од 100 денари, за финалињата во двете конкуренции билетите ќе чинат 200 денари, додека пак блок карта за сите шест средби ќе чини 600 денари.

Технички организатор на завршниот турнир на ракомениот Куп на Македонија е ГРК Охрид. Купот ќе се одржи од 11 до 13 мај во Спортската сала „Билјанини Извори”.