Skip to main content

Тениска Федерација на Македонија,

Во сабота Тениски фестивал на Плоштадот во Охрид

Тениски фестивал 2025 „Запознај го тенисот низ игра и дружба“.
 |  инфодеск  | 

Тениската Федерација на Република Македонија, викендов во Охрид го организира тенискиот фестивал 2025 „Запознај го тенисот низ игра и дружба“.

-Овој викенд Тениската авантура ја носиме во градот Охрид. Ги повикуваме сите заинтересирани дечиња од Охрид и околината да бидат дел од тениската забава која ќе се одржи на Плоштадот во Охрид во сабота – 3ти мај, со почеток од 11часот. Се запознаваме и учиме детски тенис на мини терени. За сите учесници следат и мали изненадувања од нашите спонзори., велат организаторите.