Летна пливачка школа Акваспирит
Во тек се уписите на деца за пливачката школа на клубот Акваспирит
Реализацијата на часовите започнува од 03 Јули 2023 година на градскиот пливачки базен “Атина Бојаџи” – Охрид.
Во тек се уписите за “ЛЕТНАТА ПЛИВАЧКА ШКОЛА 2023” во Пливачки клуб „Акваспирит“ – Охрид.
Реализацијата на часовите започнува од 03 Јули 2023 година на градскиот пливачки базен “Атина Бојаџи” – Охрид.
„Термините ќе бидат дополнително дефинирани во зависност од бројот на пријавени деца. Часови ќе има и предпладне и попладне.“ – информираат од клубот Акваспирит.
Цената за цело лето, до крај на август изнесува 3 000.оо МКД. Доколку во школата членуваат две или повеќе деца од исто семејство следува попуст.
„Следуваат многу натпревари и изненадувања. Овозможете му на Вашето дете да биде дел од најдобриот пливачки колектив во градот.“ – порачуваат од клубот.
За дополнителни информации: 077 703 686 Славчо; 078 355 291 Миле.


