Ќе вози ли Даница формула 1?
Даница Патрик го привлече вниманието на медиумите и луѓето во моторспортот откако стана првата жена што освоила пол-позиција на Дејтона 500.
Даница Патрик го привлече вниманието на медиумите и луѓето во моторспортот откако стана првата жена што освоила пол-позиција на Дејтона 500.
Предходно 30-годишната Патрик, која што е популарна во американскиот моторспорт, изјави дека не е заинтересирана за влез во Формула 1, но можно ли е да се случи тоа?
“По околу 10 години. Му кажав на Берни Еклстоун дека е глушав што не ангажира жена во Формула 1. Доколку успееме да внесеме жена во топ 6, тогаш ќе се дуплира бројот на фановите пред малите екрани.” – изјави Ники Лауда.
Сепак, трикратниот Ф1 шампион се сомнева дека Патрик е вистинската жена за тоа.
“Мораме да имаме во предвид дека техничкото ниво на моторспортовите во Америка не може да се споредува со она во Формула 1. Тоа се однесува и на возачите. Последниот Американец што успеал во Формула 1 е Марио Андрети, а тоа беше во моето време.” – заклучи Лауда.
Со него се согласува и советникот на Red Bull, др. Хелмут Марко:
“Морате да ги погледнете резултатите на Даница со патнички автомобили. Тие не се доволно добри. Ние бараме возачи врз основа на нивните перформанси, а не на нивната квота.”
Актуелниот Ф1 шампион, Себастијан Фетел додаде:
“Пред се и симнувам капа на Даница за нејзините постигнувања, но моторспортот во Америка е сосема поинаква култура.”
{loadposition content9}