Се враќа ли Баричело во F1?
Легендарниот Бразилец Рубенс Баричело можно е од следната сезона да се врати во Формула 1.
Според англиските медиуми за 41-годишниот возач е заинтересиран тимот на Заубер, кој во Баричело гледа замена за Ник Хулкенберг, кој е блиску до заминување во Мекларен.
Баричело својата последна сезона во Формула 1 ја возеше во 2011. година за екипата на Вилијамс, а во текот на богатата кариера беше дел од Стјуарт и Ферари. Има 11 победи во Ф1 шампионатот.
„Постои некоја опција за наредната сезона, а сигурно е дека Баричело ќе биде една од нив. Неговото искуство многу би ни значело“, изјави шефицата на Заубер, Мониша Калтенборн.
Додека Хулкенберг е блиску до заминување, Мексиканецот Естебан Гутиерез најверојатно ќе остане. Како потенцијален кандидат за возачкото место во тимот се споменува и Русинот Сергеј Сироткин.
{loadposition content9}