Ќе се вратат ли тестирањата во Формула 1?
Во текот на денешниот ден тимовите во Формула 1 ќе гласаат дали сегашната забрана за тестирањe во текот на сезоната треба да биде укината.
Во текот на денешниот ден тимовите во Формула 1 ќе гласаат дали сегашната забрана за тестирањe во текот на сезоната треба да биде укината.
Рестрикцијата на тестирањата во Ф1 беше воведена во 2009 со цел да се намалат трошоците бидејќи повеќето имаа посебни тест-тимови што чинеа многу пари. Ferrari, кои што имаат сопствена патека во Фиорано, беа најгласни против забраната за тестирања и денес ќе можат да ги приложат своите аргументи за нејзиното укинување.
Управниот директор на Mclaren, Џонатан Нил, им откри на новинарите дека четири тимови се за укинување на забраната за тестирање во текот на сезоната и дека денес ќе биде одржано гласањето за нејзино укинување. Еден од аргументите за укинување на оваа забрана е неможноста за младите возачи да го искусат возeњето на Ф1 болидите, но Нил мисли дека има и друг начин како да дојдат до тоа – еден од нив е тимовите да добиваат дополнителни сетови гуми за петочните тренинзи.
{loadposition content9}