
Кошаркарскиот клуб „Колибри“, од 10-ти до 13-ти јуни 2025 година го организира четвртиот по ред, Меѓународен турнир во кошарка „Охрид 2025“ во спортската сала Билјанини Извори – Охрид.
Меѓународниот турнир во кошарка е предвиден за девојчиња и момчиња, генерации М10, М12, М14 и М16.
– Започнавме локално, па државно, а сега сме интересни за цел регион. На турнирот ќе настапат 12 екипи во предвидените натпреварувачки генерации, со нешто повеќе од 300 деца. Свеченото отворање е закажано за вторник, 10-ти јуни 2025 одина, со почеток во 18:00 часот во Спортската сала „Билјанини Извори“, велат од КК „Колибри“.
На турнирот ќе земат учество екипи од Србија, Црна Гора, Албанија и домаќинот, Република Македонија:
1. КК „Будва Баскет 2013“, Будва, Црна Гора,
2. КК „Лидерс“, Тирана, Албанија,
3. КК „Инвадерс“, Тирана, Албанија,
4. КК „Ол Старс“, Прилеп, Република Македонија,
5. КК „Пантер“, Никшиќ, Црна Гора,
6. КК „МБА“ Крагујевац, Србија,
7. КК „Гостивар 2010“, Гостивар, Република Македонија,
8. КК „Црн Дрим“, Струга, Република Македонија,
9. КК „Д Волвс“, Корча, Албанија,
10. ЖКК „Струга 2009“, Струга, Република Македонија,
11. „Елите Баскет“, Тирана, Албанија и
12. КК „Колибри“, Охрид, Република Македонија.
Инаку, КК „Колибри“, е кошаркарски клуб од Охрид кој оваа 2025 година бележи 22 година постоење. Во досегашно работење се етаблираа како претпознатлив и плоден расадник на кошаркарски таленти – играчи на локално, државно и светско ниво.
