Skip to main content

Ракомет

За еден час распродадена салата „Боро Чурлевски“

Играчите на тренерот Жељко Бабиќ на 5 април од 18:45 часот ќе го играат реванш натпреварот од осминафиналето во Лига Европа против Нексе.
 |  инфодеск  | 
Еурофарм Пелистер
????????????????????????????????????

Екипата на Еурофарм Пелистер ќе има огромна поддршка за реваншот против Нексе во осминафиналето на ЕХФ Европската лига.

Составот од Битола објави дека сите билети се распродадени за само еден час што значи дека хрватскиот претставник го очекува пеколна атмосфера на 5-ти април во салата „Боро Чурлевски“.

Македонскиот вицешампион загуби со три разлика во Нашице (29:26).

Меѓутоа бодрени од навивачите избраниците на Бабиќ дефинитивно ќе имаат голема шанса за реванш, а со малку среќа и пласман во следната фаза на ова натпреварување.