Жан Тод го напушти Ферари
Извршниот директор на тимот на Ферари, Жан Тод, поднесе оставка од функцијата извршен директор во спортскиот дел на оваа компанија на само десетина дена пред почетокот на натпреварите во Ф1.
Со оваа одлука на Французинот, комплетно се распадна триото кое на Ферари му донесе пет титули во трио сочинето од возачот Михаел Шумахер и техничкиот директор Рос Браун.
Ова трио на Ферари му донесе пет титули во Формула 1. Во меѓувреме, Шумахер се пензионираше, а Браун продолжи со работа во Хонда.
Детали околу причините на оставката на овој досега незаменлив дел од екипата на Ферари не се соопштуваат или истите се апсолутно бесмислени.
„Жан Тод беше клучен човек во Ферари минативе 16 години. Неговиот учинок беше огромен и тој е заслужен за издигнувањето на екипата во шампионски рамки. Во името на сите од Ферари му посакуваме се најдобро“, изјавил директорот Монтекеломо.
„Ќе ми треба повеќе време да си посветам себеси и на моите други интереси. Јас и понатаму ќе му ја давам мојата поддршка на Ферари“ – изјавил Тод.
Сепак неговата функција понатаму ќе биде неформална и недефинирана, односно слична како онаа на Шумахер, кој откако се повлече на крајот од сезоната 2006-та само повремено дава совети и понекогаш ги тестира болидите.
{loadposition content9}