Skip to main content

Започна второто издание на ОВФ пливачкиот митинг

Во текот на двата натпреварувачки дена предвидени се трки во две дисиплини, по што следува свеченост за доделување на наградите на најдобрите пливачи во машка и во женска категорија.
 |  инфодеск  | 

Како дел од програмата на второто издание на Ohrid Water Festival, денеска на градскиот базен „Атина Бојаџи“ беше означен почетокот ОФВ Пливачкиот митинг кој го организира Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид.

На официјалното отворање на настанот во името на Општина Охрид учесниците ги поздрави Советникот во Советот на Општина Охрид, Наум Јамандиев. Во текот на двата натпреварувачки дена предвидени се трки во две дисиплини, по што следува свеченост за доделување на наградите на најдобрите пливачи во машка и во женска категорија.