Започнува последниот ВТА турнир за годинава во Доха
Утре во Доха ќе започне завршниот турнир на најдобрите светски тенисерки а чест да го одиграат првиот меч ќе имаат: Јелена Јанковиќ од Србија и русинката Динара Сафина.
Утре во Доха ќе започне завршниот турнир на најдобрите светски тенисерки а чест да го одиграат првиот меч ќе имаат: Јелена Јанковиќ од Србија и русинката Динара Сафина.
Денеска со жрепка беше одреден и костурот како и сите парови и затоа е веќе познато дека покрај српско-рускиот меч во “белата„ група во вториот ќе се сретнат: Каролина Вожњачки од Данска со Викторија Азаренка од Белорусија.
Во другата група за првите две позиции ќе се борат: тенисерките од Русија Елена Дементијева и Светлана Кузњецова и црномурестите сестрите од Соединетите Американски Држави, Серена и Венус Вилијамс.
Според пропозициите, првите две на крајот од секоја група ќе влезат во 1/2 финалето.Победничката на “Ериксон шампионатот„ ќе заработи чек на 1.550.000 долари.
{loadposition content9}