Во Охрид започнува „Трофеј Македонија 2026“, Македонија против Србија на стартот

Во Охрид денеска започнува меѓународниот женски ракометен турнир „Трофеј Македонија 2026“, на кој ќе настапат четири женски сениорски репрезентации – Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора.
Првиот натпреварувачки ден ќе го отворат репрезентациите на Црна Гора и Хрватска, во дуелот кој ќе започне од 16:00 часот во спортскиот центар „Билјанини Извори“.
Од 18:00 часот на терен ќе излезе македонската репрезентација, која како бранител на трофејот од минатогодишното издание, турнирот ќе го започне со натпревар против Србија.
Во рамки на „Трофеј Македонија 2026“ ќе се одржи и првиот женски ракометен форум, на кој своите искуства ќе ги споделат пет ракометни легенди.
Влезот во СЦ „Билјанини Извори“ за сите натпревари е слободен, а љубителите на ракометот кои нема да бидат во можност да ги следат натпреварите во живо ќе можат да ги гледаат и преку каналите на Arena Sport.



