Еурофарм Пелистер си ја заврши својата работа, откако во „Билјанини Извори” со 25:28 славеше над Охрид, а пак Тиквеш ремизираше со Вардар, со што битолчани станаа шампиони во мак-ракометот за првпат по 2005 година.
Победата беше сосема очекувано за Еурофарм Пелистер, кој во „Билјанини Извори” важеше за голем фаворит, па нивната победа е заслужена. Охрид покрај пораз од новиот шампион, остана и без излез во Европа, бидејќи Тиквеш ремизираше со Вардар играјќи 32:32 во Кавадарци и обезбеди бод кој значи излез во Европа на кавадаречкиот суперлигаш по една деценија.
Охрид тргна одлично против Еурофарм Пелистер, кога на стартот беше 3:3, но потоа гостите влегоа во серија и со три гола во низа стигнаа до 3:6, а потоа одлепија и на 8:14, за на крај од првиот дел резултатот да биде 11:14 за битолчани.
Во вториот дел гостите од Битола не дозволија изненадување и максимално сконцентрирани знаејќи ја важноста на овој натпревар направија добар старт со 1:4, па момците на Јовиќ и Шундовски стигнаа до серија од 12:18, а потоа рутински го добија Охрид со конечни 25:28.
Кај Охрид најдобр стрелец беше Стефан Дрогришки со пет гола, а пак Гал Цицар имаше четири гола, пак пелистерци Цветан Кузманоски беше најдобар со девет погодоци, а пак Жарко Пешевски постигна шест.
Еурофарм Пелистер и официјално е нов шампион на Македонија, откако Вардар во Кавадарци ремизираше со Тиквеш играјќи 32:32, а овој резултат значи дека Тиквеш ќе игра во Европа, а Охрид останува без европска „виза”, па последното коло нема да има никакво резултатско значење за охриѓани, бидејќи Тиквеш има подобар меѓусебен скор со главниот конкурент ГРК Охрид.