Заврши вториот ,,Гранд При Лихнидос 2024″ год. во гаѓање со кусо огнено оружје на 25м и малокалибарна пушка со оптички нишан на 50 и 100 м. во организација на Женски стрелачки клуб ,,Лихнидос”, а под покровителство на Општина Охрид. На Турнирот учество зедоа околу 30-тина стрелци, меѓу кои звучни имиња и еминентни личности од спортското стрелаштво, натпреварувачи од светски ранг.
Во исклучително јака конкуренција и охридските стрелци успешно се носеа со висината на задачата, па успеаја да обезбедат пласмани речиси во сите дисципплини. Така, во дисциплината малокалибарна пушка на 50 м. Валентина Гоџоска од ЖСК ,,Лихнидос” се пласира на првата позиција со резултат од 194 кругови (од 20 истрели), додека Ива Маленко од СК ,,Охрид” заврши како третопласирана со резултат од 192 круга. Од 5-тата до осмата позиција се најдоа Теодора Мицкоска, Симона Станкоска, Јана Маркоска и Милица Кочовска. За жал, кај мажите во истата дисциплина нешто послаби резултати: Кристијан Балоски со 189 круга се пласира на 9-тата позиција, а веднаш зад него и Велибор Балоски со резултат од 187 круга.
Во дисциплината малокалибарна пушка на 100 м. жени, вицешампионска позиција за Валентина Гоџоска со резултат од 171 круг, додека на третата позиција се пласира Ива Маленко со резултат од 155 круга. Кај мажите во истата дисциплина повторно немаше пласман во првите три позиции, односно Кристијан Балоски со 160 круга се пласира на 9-тата позиција, а веднаш зад него и Велибор Балоски со резултат од 157 круга.
Во дисциплината пиштол на 25 м, повторно вицешампионска титула за Валентина Гоџоска со резултат од 76 кругови (од 10 истрели). На третата позиција се пласира Стефанија Вељаноска од СК ,,Охрид” со резултат од 68 кругови. Веднаш зад неа се пласира Милица Кочовска со резултат од 65 круга, па следуваа Калина Додеска со 60 круга, Ива Маленко на 6-тата позиција со 55 круга, додека на 7-мата, 8-мата и деветтата позиција се пласираа Симона Станкоска, Наталија Савеска и Стефани Савеска.
Во дисциплината револвер на 25 м, Милица Кочовска се пласира на првата позиција со 74 кругови, додека како второпласирана заврши Валентина Гоџоска со резултат од 71 круг.
Во дисциплината пиштол на 25 м кај мажите Кристијан Балоски се пласира на седмата позиција со 82 круга, веднаш зад него Лазар Кочовски со 79 круга, на 10-тата Велибор Балоски со 74 круга, Антонио Додески на 16-тата позиција. Свој дебитантски настап имаше и Никола Тодороски од СК ,,Охрид” кој мораше да се задоволи со пласман на 17-тата позиција.
Во дисциплината револвер на 25 м. кај мажите Лазар Кочовски се пласира на третата позиција со резултат од 88 кругови, Велибор Балоски на 5-тата позиција со резултат од 85 кругови, Дарко Ѓорѓиевски од СК ,,Охрид” на 6-тата позиција со резултат од 66 кругови, додека Кристијан Балоски на 8-мата позиција со резултат од 61 круг.
Во екипен пласман пушка на 50 метри, екипата во мешан состав Балоски Кристијан, Балоски Велибор и Валентина Гоџоска се пласира на третата позиција со резултат од 570 круга, зад екипите на Лонг Реинџ-Арсенал и Стрелец Camouflage.
Во истата дисциплина екипата на СК ,,Охрид” во состав Ива Малеко, Јана Маркоска, и Теодора Мицкоска со резултат од 534 круга се пласира на 5-тата позиција.
Во дисциплината малокалибарна пушка на 100 м. екипен пласман, 4-та позиција за екипата на ЖСК ,,Лихнидос” во состав: Кристијан, Балоски Велибор и Валентина Гоџоска.
Во дисциплината револвер 25м. второ место за екипата на ЖСК ,,Лихнидос” во мешан состав: Лазар Кочовски, Валентина Гоџоска и Велибор Балоски со резултат од 244 кругови, 4 помалку од првопласираната екипа на Стрелец Camouflage. На третата позиција во истата дисциплина се пласира екипата на СК ,,Охрид” во мешан состав: Кристијан Балоски, Милица Кочовска и Дарко Ѓорѓиевски со идентичен резултат како второпласираната екипа но со помал број на внатрешни центри.
Во дисциплината пиштол 25 м, трета позиција за екипата во мешан состав Велибор Балоски, Лазар Кочовски и Валентина Гоџоска со резултат од 229 круга, додека како четвртопалсирани завршија: Кристијан Балоски, Милица Кочовска и Ива Маленко со резултат од 202 круга. На петтата позиција се пласира екипата во состав: Наталија Савеска, Стефани Савеска и Ива Дилевска, додека на 6-тата екипата во состав Никола Тодороски, Стефанија Вељаноска и Симона Стаматоска.
Организаторот на Турнирот ЖСК ,,Лихнидос” изразува огромна благодарност за поддршката од Општина Охрид, како и до многубројните спонзори кои финанскиски го потпомогнаа организирањето на овај Турнир, со што беа обезбедени вредни награди. Целта за одржување на овај Турнир кој се најде и на календарот на МССФ е промоција на градот преку воведување на една ваква нова содржина и привлекување на поголем број на туристи, љубители на овој спорт да го посетат градот и по завршување на летната туристичка сезона.