Местото во ждребката го осигураа актуелниот првак на Европа Реал Мадрид, европскиот вицепрвак Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ, Порто, Монако, Барселона и Јувентус.
За разлика од осминафиналето во кое ждребката беше полудиригирана (играа победници на групи со второпласирани во групите, а не можеа и да се состанат клубови од иста земја), во четвртфиналето се можни било кои парови па дури и Ел класико.
Интерсно е тоа што пет од овие осум клубови беа во четвртфиналето и минатата година (Реал, Атлетико, Барселона, Баерн и ПСЖ), а нови клубови се Монако, Порто и Јувентус.
Втор пат во последните три години меѓу осумте најдобри клубови нема ниту една англиска екипа, а последен пат Франција имала два претставника во четвртфиналето во 2010 година кога меѓу осумте најдобри беа Бордо и Лион.
Термините на четвртфиналните средби во Лигата на шампиони се на програмата на 14 и 15 април, а возвратните на 21 и 22 април.
{loadposition content9}