Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Брисел ги дозна своите противници за новото издание на Лигата на нации на УЕФА. Македонија, ќе се натпреварува во Групата 1 заедно со селекциите на: Шкотска, Швајцарија, Словенија. Новиот циклус во Лигата на нации ќе започне во септември, а ќе заврши во ноември.
Б-дивизија:
Група 1: Шкотска, Швајцарија, Словенија, Македонија
Група 2: Унгарија, Украина, Грузија, Северна Ирска
Група 3: Израел, Австрија, Република Ирска, Косово
Група 4: Полска, Босна и Херцеговина, Романија, Шведска
Ц-дивизија:
Група 1: Албанија, Финска, Белорусија, Сан Марино
Група 2: Црна Гора, Ерменија, Кипар, Гибралтар/Латвија
Група 3: Казахстан, Словачка, Фарски Осрови, Молдавија
Група 4: Исланд, Бугарија, Естонија, Малта/Луксембург
Д-дивизија:
Група 1: Гибралтар/Латвија, Малта/Луксембург, Андора
Група 2: Литванија, Азербејџан, Китванија
Натпреварите од новата сезона на Лигата на нации се предвидени да започнат на 24 септември и ќе траат до 17 ноември, кога ќе се одиграат последните средби од групната фаза.