Женската репрезентација на Македонија против Бугарија и Косово во Лига на нации
Македонската женска А репрезентација на извлекување во УЕФА ги дозна противниците во групата за премиерното издание од Лига на Нации во женска конкуренција.
Македонија на ждребот во Нион добија „соседска” група, бидејќи за првото место во групата нашите најдобри фудбалерки ќе играат со репрезентациите на Бугарија и Косово.
Македонската репрезентација е предводена од Кирил Изов и се наоѓа во Ц сегментот во Лига на Нации, а ждрепката реши да биде дел од единствената група што ја сочинуаат само три селекции.
Ц1: Малта, Молдавија, Летонија, Андора;
Ц2: Турција, Луксембург, Литванија, Грузија;
Ц3: Азербејџан, Црна Гора, Кипар, Фарски Острови;
Ц4: Израел, Естонија, Казахстан, Ерменија;
Ц5: МАКЕДОНИЈА, Косово Бугарија;
Победниците по група автоматски обезбедуваат промоција во Б – дивизијата, додека трите најдобри второпласирани селекции ги очекуваат бараж дуели со трите најдобри третопласирани селекции од групите од Б – лигата.