Skip to main content

Се пожешка атмосферата ан СП во ракомет

Знамињата на сите 24 држави учеснички на Светското првенство (СП) во ракомет се отстранети, само еден ден откако беа поставени на централниот плоштад во Задар, градот во кој ќе игра Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Знамињата на сите 24 држави учеснички на Светското првенство (СП) во ракомет се отстранети, само еден ден откако беа поставени на централниот плоштад во Задар, градот во кој ќе игра Македонија.

Одлуката ја донесе задарскиот градоначалник и претседател на организациониот комитет на СП во Задар Живко Колега, откако примил поплаки од голем број граѓани поради тоа што меѓу знамињата се виорело и српското.

rakometariГрадоначалникот упати апел до граѓаните на Задар во следните денови да покажат достоинство и спортски дух, бидејќи така најдобро ќе го промовираат Задар.Овој град е домаќин на четвртфиналната група на Светското првенство во ракомет во која се Македонија, Србија, данска, Норвешка, Полска и Германија.

Карван од 150 навивачи тргна кон Задар за да ја бодрат македонската ракометна репрезентација, во организација на Агенцијата за млади и спорт.
Портпаролот на Агенцијата, Тане Димовски, вкупно три автобуси со повеќе навивачки групи, организирано ќе заминат за Хрватска, од пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје.Ова ќе биде дополнителна поддршка за македонската ракометна репрезентација, за четврт финалните натпревари во Задар, каде веќе од Вараждин се преселија околу 1.000 македонски навивачи.Тие заедно ќе ја бодрат Македонија на утрешниот натпревар против Норвешка, што започнува во 15:30 часот.

 

 

 

{loadposition content9}