Skip to main content

Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација

Жетва на медали за клубовите на М.Т.Т.Ф од “БУГАРИЈА ОПЕН 2023” и “КОРЧА ОПЕН 2023”

18 златни, 12 сребрени ,15 бронзени и 6 пехари освоија македонските таеквондо репрезентативци на меѓународните натпревари во Бугарија и Албанија.
 |  инфодеск  | 

Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација викендов учествуваше на два Меѓународни  натпревари ” БУГАРИЈА ОПЕН 2023″ во Пловдив и “КОРЧА ОПЕН 2023” во Албанија.

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ( ИТФ ), под водство на претседателот  Марјанчо Лазревски,  учествуваа на Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар “БУГАРИЈА ОПЕН 2023” во Пловдив, Бугарија, на кој учествуваа над 700 натпреварувачи од 12 земји од Европа. На овај престижен натпревар охриѓанката Христијана Парулеска, која поради повреда сеуште не се натпреварува, ја имаше честа да ја дели правдата , поканета од страна на Бугарската ИТФ , со што беше прогласена во најдобрите 10 судии на натпреварот.

На овај натпревар учествуваа  5 натпреварувачи од  клубовите:   Таеквон-до клубот ‘ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид   и Таеквон-до клубот “СОНКАЛ” Мислешево-Струга кои освоија 3 медали, од кои 1 сребрен и 2 бронзени медали.

Освојувачи на медали „ БУГАРИЈА ОПЕН 2023 “ се:

-Давид Крстески – 2 место (сребро) форми  за црн појас први дан, јуниори 16-17 години

-Елена Јанеска – 3 место (бронза) борби  , јуниорки 16-17 години -70 кг

-Теодора Тодороска – 3 место (бронза) борби  , јуниорки 14-15 години -65 кг                                                                     

Истовремено Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ( ИТФ ), под водство на националниот селектор Саша Поповски  учествуваа на Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар “КОРЧА ОПЕН 2023″ во Албанија каде  учествуваа 27 натпреварувачи од  клубовите:  ‘ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, “МАСТЕР” Охрид ,”ЧОН ЏИ” Косел-Охрид , “АХИЛИУС” Скопје   и “СОНКАЛ” Мислешево-Струга.  Додека двајца наши судии Божидар Димитриевиќ и Софија Колушоска ја делеа правдата.

Освоени се вкупно 18 златни ,11сребрени , 13 бронзени и 6 пехари од кои 5 за најдобри поединци, и пехар за најдобар клуб второ место   за Таеквон-до клубот ‘ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид.

Освојувачи на пехари на  “КОРЧА ОПЕН 2023″се: Софија Колушоска, Давид Ристески, Анастасија Трифуноска и Климент Богоески од “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид и Теодора Митреска од “МАСТЕР” Охрид                 

Марјанчо Лазаревски претседател на М.Т.Т.Ф.  и националниот селектор Саша Поповски изразија најголема благодарност до Генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Општина Охрид и  Агенција за млади и спорт.