Изминатиов викенд во соседна Албанија се одржа ревијален Таеквондо ИТФ натпревар “КОРЧА ОПЕН 2024 “. М.Т.Т.Ф предводена од претседателот Марјанчо Лазаревски беше претставувана од десет натпреварувачи.
„Можеме слободно да се гордееме на нашите натпреварувачи иако исцрпени од претходни натпреварувања и училишни обврски сепак докажаа дека вреди да се вложува во нив, кои повотрно го дадоја својот максимум и не израдуваа со долични успеси. Натпреварот беше ревијален, но отидовме да ги провериме нашите натпреварувачи во каква форма се, бидејќи ни претсојат двата најтешки натпревари за оваа година, од 30.11 – 02.12 2024 ќе се одржи “ЕВРОПСКИ КУП” во Софија , соседна Бугарија, а од 13-16.12 2024 во Солун , Грција ќе се одржи Меѓународен Таеквон-до ИТФ А класа натпревар, јубилејно 10 издание на “КИНГ ОФ ТЕКВОН-ДО” кој е најголем и најсилен натпревар во светот, каде редовно учество земаат многу репрезентации, а една од нив е и репрезентацијата на Аргентина.“, вели претседателот Марјанчо Лазаревски.
„Како што е ред кориситиме прилика да изразиме најголема благодарност до нашиот Генералнен спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за сите наши успеси, Министерството за спорт и Општината Охрид , кои ги вреднуваат и ценат нашите успеси.“, изјавува претседателот на М.Т.Т.Ф Марјанчо Лазаревски.
Освојувачи на пехари се ТК “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, Анастасија Чулческа, Теодора Тодороска, Климент Богоески, Миа Танеска, Давид Ристески ТК “ЧОНЏИ” Косел-Охрид, Михаил Крстаноски, Јохан Парулески ТК “АХИЛИУС” Скопје, Божидар Димитриевиќ ТК “МАСТЕР” Охрид, Теодора Митреска и Филип Митрески.