На турнирот „Златен гонг“ доаѓа европската боксерска елита
Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од денеска до сабота ќе се одржат борбите од 40-тото јубилејно издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.
| Маја Савиќ | Спорт
златен гонг
Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од денеска до сабота ќе се одржат борбите од 40-тото јубилејно издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.
Свеченото отворање е закажано за 18 часот и 30 минути. Претходно од 14 до 18 часот ќе започне првата половина од четврт-финалето, а по Свеченото отворање до 22 часот е планирано да траат преостанатите четврт-финални мечеви.
Полуфиналните борби се закажани за утре со почеток во 17 часот, а финалните натпревари ќе се одржат в сабота на 13 ноември на Денот на ослободувањето на Скопје со почеток во 15 часот.
Награден фонд изнесува 10 илјади евра. Победниците во полуфиналните борби ќе добијат по 200 евра, во финалните по 400 евра, а освојувачот на трофејот „Златен гонг“ ќе добие парична награда од 1.000 евра.
Влезот ќе биде бесплатен сите три дена.

{loadposition content9}