Skip to main content

Златната топка по петти пат за Лео Меси

Доделувањето на златната топка ја одбележа фотографијата за која сите зборуваат

 |  инфодеск  | 

Добитник на Златната топка за 2015 година е Лионел Меси, на кого ова му е петти пат да ја освои наградата за најдобар фудбалер на светот.

“Ова е чудесно, веќе петта Златна топка”, прокоментирал Аргентинецот кој за најдобар фудбалер е избран во 2009, 2010, 2011 и 2012 година.

Меси го оправда статусот фаворит пред Кристијано Роналдо и Нејмар. Меси славеше со 41,33% гласови пред Роналдо со 27,76% и пред Нејмар со 7,86% од гласовите.

Во Барселона оди и наградата за најдобар тренер на годината. Луис Енрике го доби признанието за освоени пет трофеи во 2015 година со 31,08% од гласовите, а во конкуренција беа Пеп Гвардиола од Баерн и чилеанскиот селектор Хорхе Сампаоли.

Овој избор за најдобар фудбалер на годината го одбележа фотографијата која го обиколи светот и за која имаше најмногу коментари. Тројцата кандидати седеа во првиот ред, а единствениот со женско друштво беше Лео Меси со неговата невенчана сопруга Антонела Рокузо со која има две деца. Фотографите фатија интересен момент кога се поздравуваат Роналдо и Антонела и додека Меси се смешка, неговиот колега од Барселона, Нејмар, го гледа мрско Португалецот како овој да сака да му ја превземе миленичката на Меси. Вака барем ја опишаа оваа сцена многу коментари по социјалните мрежи каде оваа фотографија стана вистински хит.