По откажувањето на РК Вардар 1961, екипата на РК Олимпијакос, Грција, ги комплетира 8те учесници на второто издание на Меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, што ќе се одржи од 23 до 26 август во Охрид. Охриѓани во четири дена ќе имаат прилика да уживаат во квалитетен ракомет, со оглед што меѓу учесниците e новиот македонски шампион Еурофарм Пелистер, кој во новата сезона ќе учествува и во Лигата на шампионите.
Екипите ќе бидат поделени во две групи:
Група А
ГРК Охрид
Бешикташ
Голден Арт
Олимпијакос
Група Б
Еурофарм Пелистер
Металопластика Шабац
Татран Прешов
Бутел Скопје
Турнирот на 23 август во 11 часот го отвараат Бешикташ и Голден Арт, а вечерта ГРК Охрид се среќава со Олимпијакос.