Skip to main content

На македонскиот спорт под итно му е потребна Национална стратегија за спорт и млади

Поранешниот македонски олимпиец во пливање Александар Маленко истакна дека Македонија се соочува со тешка спортска криза, додавајќи дека веќе 12 години на 3 олимпијади, македонските пливачи учествуваат со вајлд карти.

 |   | 

На македонскиот спорт под итно му е потребна Национална стратегија за спорт и млади. Ова посебно важи за македонското пливање бидејќи во изминативе 12 години односно за три Олимпсики циклуси, македонските пливачи учествуваат на олимпијадите со вајлд карти.

„При учеството на Олимписките игри имате норми коишто се предвидени од самата спортска федерација, кои траат четири години кои се изгласани од спортската федерација која ги предлага олимписките потенцијални кандидати. Во случајов најповикан е МОК. МОК е институција за врвен олимписки спорт и е сервис на сите спортски федерации согласно своите програми кои ги поднесуваат за своите кандидати за исполнување на норми“, вели Александар Маленко – поранешен олимпијец.

Маленко како поранешен олимпијец истакна дека Македонија се соочува со тешка спортска криза, но дека постојат правила во олимпискиот спорт кои се донесени и мора да се почитуваат.

„Во 2010-та година Пливачката федерација на Македонија донесе одлука потпишана од претседателот и селекторот истата таа одлука во која стои дека пливач кој ќе учествува на Олимписки игри со Вајлд карта, наредните Олимписки игри доколку сеуште пливачот плива, доколку има резултати, треба да исполни А норма“, потенцира Александар Маленко – поранешен олимпијец.

Маленко објасни дека истата таа одлука е изгласана од страна на генералното собрание на МОК. Тој потенцираше дека моментално Македонија е на 77-то место на ранг листата на ФИНА, и дека овој тренд на девалвација на македонското пливање и понатака продолжува.