Skip to main content

Ознака: Бигорски

До темел изгоре стариот палат на „Св. Јован Бигорски“

Post Views: 252 Во пожар што избувнал рано изутрината во 4 часот и 30 минути до темел изгоре стариот палат на манастирот „Св. Јован Бигорски“. Целосно се опожарени конаците, трпезаријата и библиотеката. Нема повредени. Монасите успеале да ги спасат од огнената стихија поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Во манастирот се испратени пет противпожарни возила од Гостивар, Кичево и Дебар и еден хеликоптер. Пожарот е локализиран. Засега нема сознанија за причината за настанувањето на пожарот. Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се...

Продолжи со читање

Изложба “1000 години Бигорски Манастир”

Post Views: 180 НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка Ансамбл Македонија Ве покануват на изложба по наслов “1000 години Бигорски Манастир”поставена од страна на Ансамбл Македонија. Во соработка со Бигорски манастир, Ансамбл Македонија подготви изложба со двадесеттина најдрагоцени икони од Бигорскиот манастир, по повод прославување на 1000 години постоење на Бигорски манастир. На изложбата ќе бидат прикажани 8 Олтарни икони,2 Чудотворни икони, 2 Тронски икони (Владички и Игуменски Трон), 3 икони од 16 от век, 1 капак од Кивот од Светите Мошти, 1...

Продолжи со читање

Некои македонски цркви чуваат дел од крстот на кој бил распнат Исус

Post Views: 255 Во неколку манастири во Македонија има делови од светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Меѓу нив се манастирите Св. Јован Бигорски, Св. Ѓорги во Рајчица, и св. Богородица Пречиста во Кичево.Според преданието за светиот крст е запишано дека пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на „Св. Константин и Елена“. Имено, кралицата отишла на местото на распетието да го пронајде крстот, но никој не кажувал каде бил закопан. Таа сепак успеала да ја дознае приказната од еден старец.Откако ги пронашле трите крста, едниот на Исус, а другите...

Продолжи со читање

Градоначалникот лично донирал средства за обновување на Бигорски

Post Views: 223 Тој смета дека општината не е должна да помага во оваа акција, бидејки приоритет треба да им даде на верските објекти во регионов, кои се доста запуштени.„На секоја црква пишува, направи добро и не кажувај никому. Јас тоа го направив, дадов пари но не ме прашувајте колку“, рече градоначалникот Александар Петерски  кој одлучил лично да се вклучил во акцијата за санирање на штетите од пожарот што неодамна го зафати ова големо духовно светилиште. Тој смета дека е доволно што  државата се вклучила  во обновата на Бигорскиот манастир,потенцирајки дека општината треба...

Продолжи со читање

Охриѓани помагаат за Бигорски

Post Views: 189 Отец Ромео, даде благослов за хуманитарна помош. Црквата Св. Тројца во име на граѓаните на Охрид ќе донира 200 килограми пиперки обработени како ајвар, лутеница и малиџано. Ајвар, лутеница и малиџано како хумана помош од охридската црква Св. Тројца ќе замине за Св.Јован Бигорски. Со благослов на Отец Ромео, овие два дена доброволно петнаесетина жени во атарот на црквата Св. Тројца, подготвија 200 килограми пиперки кои се донација на граѓаните на Охрид. Преку овој гест тие сакаат да помогнат во ублажување на кризната состојба на монасите на опожарениот манастир...

Продолжи со читање

Охриѓани ќе помогнат

Post Views: 141 Охриѓани потресени од немилиот настан кој се случи во Манастирот Св. Јован Бигорски. Секој би одвоил  од скромниот буџет за помош на монасите.Охриѓани и последниот денар ќе го дадат за помош на опожарениот Манастир Св. Јован Бигорски. Според проценките на Националниот конзерваторски центар, штетата од огнената стихија, која вчера го зафати Манастирот изнесува 5,5 милиони евра. Меѓутоа најтрагично е што трајно се уништени објекти и прдмети чија историска и културна вредност е ненадоместлива. Во ова време на беспарица, сите ние скромно живееме, меѓутоа искрено и од...

Продолжи со читање

Украдени икони стари пет века

Post Views: 316 Крадците, незабележани од никого, успеале да го однесат цел горен ред од иконостасот, па дури и старата и неодамна реставрирана престолна резба. Свештените лица од Манастирот св. Јован Бигорски на официјалната веб страна први објавија за оставениот пустош во храмот:„Влезната врата е буквално распарчена, иконите се искорнати од ѕидовите и оваа жална слика е само еден тажен потсетник за нас дека едно непроценливо богатство што некогаш го красеше овој раскошен храм е неповратно заминато. За жал органите за безбедност се покажаа немоќни да влезат во трага на оваа...

Продолжи со читање

Сеноќно бдеење во Бигорски

Post Views: 295 Големиот христијански празник, Христовото рождество – Божик, ќе се одбележи со бдеење во древното светилиште „Свети Јован Бигорски“. Манастирскиот храм „Св. Јован Крстител“, како дел од традицијата, веќе е подготвен како пештерата во Витлеем во која се родил Христос.„Сеноќното бдение во чест на Христовото раѓање е дел од богослужбената традиција на Бигорскиот манастир. Верниците со нетрпение го очекуваат овој настан“, вели архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир. Тој соопшти дека капацитетот на манастирот е исполнет. За повеќе од 600 гости ќе...

Продолжи со читање

Злоупотреба на историјата

Post Views: 254 Книгата „Албанска Македонија“, на Нијази Мухамеди, во која се вели дека Бигорски бил албанец е чиста злоупотреба на историјата со крајна исполитизираност.Тоа се невистини, грубо извртување на историските факти  кон православните светилишта и споменици во Р. Македонија смета доцент доктор Сашо Цветкоски.Манастирот Св, Јован Бигорски отсекогаш бил чувар на словенскиот дух. Ова е основната вистина која е општо признаена во светот. Деновиве книгата на Нијази Мухамеди „Албанска Македонија“, во која се вели дека Бигорски бил Албанец, на нозе ги дигна релевантните луѓе...

Продолжи со читање