Skip to main content

Ознака: забрана

Забрана за изведување на градежни работи во централно градско подрачје

Post Views: 158 Почнувајќи од 01.07.2018 година до 31.08.2018 година, се забранува изведување на секаков вид градежни активности во централното градско подрачје.Секое непочитување ќе биде санкционирано од страна на надлежните служби.

Продолжи со читање

Повлечен законот за забрана за објавување на „бомбите“

Post Views: 216 Предлог законот кој се однесува на прислушуваните материјали вечерва, околу 20 часот е повлечен, јави телевизија „Телма“.Како што пренесува истиот извор, тоа, по завршувањето на собраниската седница во собраниските служби го сториле поднесувачите на овој закон, пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ, Талат Џафери и Крсто Мукоски. Одлуката за повлекувањето на законот е донесена откако Џафери, конечно дал согласност во интерес на продолжувањето на преговорите за изборната регулатива, кои синоќа беа блокирани токму поради овој спорен закон поради кои на нозе се дигаа...

Продолжи со читање

Забрана за камиони на автопатот накај Охрид во летните викенди

Post Views: 140 Во текот на годинешнава туристичката сезона, Министерството за транспорт и врски воведува забрана за движење на камиони на патот Скопје–Кичево–Охрид за време на викендите. Во петоците забраната ќе важи од 17 до 24 часот, а во сабота и недела од 7 до 24 часот. Забраната за камионите ќе важи од 1 јули до 31 август годинава.За регулирање на сообраќајот и воспоставување на забраната, соодветни сообраќајни табли ќе бидат поставени долж целата делница од Скопје до Охрид, соопшти Министерството за транспорт и врски. {loadposition content9}  

Продолжи со читање

Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица, отврен за сообраќај

Post Views: 302 По неколку месечна забрана отворен, патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево, за сообраќај на сите возила.Потсетуваме дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони. {loadposition content9}    

Продолжи со читање

Охридската пастрмка пак в тавче, овојпат легално

Post Views: 308 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одлучи на трите природни езера и 18 вештачки акумулации  да се лови риба. Оваа одлука следи по 7 годишната забрана за секаков вид на риболов, и три години по изработувањето на Риболовните основи од Хидробиолошкиот институт. На Охридското езеро, според оваа студиозна програма, ќе се лови според строго определени услови за двата концесионери, и за рекреативен и за стопански риболов. За 2011 година експертите од Хидробилошки институт дозволиле  за рекреативен риболов да се ловат 2000 кг Охридска пастрмка,...

Продолжи со читање

Бела книга со црни мисли

Post Views: 160 Објавена риболовната основа за Охридското од страна на Хидробиолошкиот Завод. Со неа предвидено е 6 годишна забрана за лов на другите видови риба, покрај пастрмката. Охридските риболовци ова не го очекувале и се чуствуваат омаловажени. Речната пастрмка оставена на милост и немилост на рибокрадците. Изгубена е тригодишната битка на охридските рибари со Хидробиолошки завод. Спортските риболовци се пожалаа дека научната стратегија на заводот за 6 годишна забрана на спортскиот риболов на Охридското езеро, е погрешна. Според нив, риболовната основа за Охридското...

Продолжи со читање

Според новиот закон, кастрација или еутаназија за агресивните кучиња

Post Views: 499 Според новиот закон за заштита и благосостојба на животните ако куче нападне два пати, веднаш ќе биде усмртено, а сопственикот  ќе добие забрана да чува кучиња, пишува Дневник.Во случај кога куче ќе нападне човек или животно, се врши процена на околностите при нападот. Ако нападот не бил испровоциран или кучето е агресивно, а сопственикот сака да продолжи да го чува, тоа ќе биде кастрирано, а газдата ќе треба да посети обука. Ако кучето нападнало човек втор пат, тоа веднаш се одзема и се евтаназира, а сопственикот добива забрана за чување какви било кучиња во...

Продолжи со читање

Пазарниот инспекторат затвори три угостителски објекти поради пречекорување на работно време

Post Views: 174 Во акција на Државниот пазарен инспекторат спроведена на 18-ти овој месец, неколку познати угостителски објекти во Охрид добија забрана за работа одреден временски период и парична казна. Контактиравме со сопственикот на објектот „Џез и блуз“ Павел Каралиев, кој потврди  дека добил 10 дневна забрана за работа, поради 10 минутното пречекорување на работното време. Покрај затворањето на објектот следува и парична казна од 2500 евра, согласно Законот за угостителска дејност. Паричната казна е иста и доколку се пречекори работното време и повеќе од 1 час од...

Продолжи со читање

Од утре на Галичица или со одобрение или со 3000 евра в џеб

Post Views: 143 Од утре секој кој ќе сака да се движи во границите на паркот ќе мора да добие соодветно одобрение од дирекцијата на Националниот парк „Галичица“ за престој или посета на паркот. Ренџерите од НП „Галичица“ ќе ги контролираат сите посетители.Стигна забраната  охриѓани и гостите да не смеат да палат скари,  стрништа и плевел во излетничките места кои влегуваат во националниот парк и во шумите. Од денес строго ќе се контролира секое движење на посетителите во шумите и парковите стои во најновата делумна забрана како превенција од летните шумски пожари. Кон оваа...

Продолжи со читање

Да се пушит или не?

Post Views: 143 Веруваат ли Охриѓани уште во Законот за забрана од пушење на јавни места? Ќе се успее ли во спроведувањето на овој закон со кој требаше да се обезбедат средства и за целосно реализирање на националните програми за здравствена заштита на населението како и за лекување на населението од болестите кај кои пушењето е директна причина за смрт? Мислењата на охриѓани, поделени.Институциите надлежни за спроведување на овој закон големи оптимисти. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор од Охрид, Ѓорги Бошалески вели дека во Охрид, Законот максимално се...

Продолжи со читање

Пешачката патека е за пешаци, не за велосипеди

Post Views: 164 Од кога единствената велосипедска патека во Охрид од мостот кај Билјанини извори до Горица е забранета за велосипедисти? Денеска бев сведок како сообраќаен полицаец ги отстранува велосипдистите кои возеа по таа патека, стои во дел од дописот кој наш сограѓанин го испрати во редакцијата на ТВМ. Во продолжение на е-маилот нашиот гледач бара да откриеме зошто соопраќајната полиција изминатиов викенд вршела вакви контроли на овој потег.Во интерес на вистината, се обративме во СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димовски вели дека изминатиов викенд на целото подрачје на...

Продолжи со читање

Концесионерот на езерото бара забрана за лов на Охридската пастрмка од македонска и албанска страна

Post Views: 153 10 годишна тотална забрана за лов на охридската пастрмка бара концесионерот на езерото. Бараат измени на риболовните основи за лов и на другите видови риба во езерото. Иако во изминативе 5 години имавме успешни мрестови и физичка заштита на езерото сепак тоа не е доволно да се возобнови популацијата на рибниот фонд, укажува Ристе Танасоски концесионер од „ Охридска пастрмка 2012“. Нивното концесионерство е во важност до агуст 2018 година, а во меѓувреме побарале од ресорното министерство да забранат лов на пастрмка. Предлагаат да се постави концесионер кој...

Продолжи со читање