Ознака: кандидатот
Post Views: 19 „Долгогодишнaта голгота спроведувана од страна на СДСМ и Брaнко Црвенковски и неговиот близок соработник Којчиноски е при крај“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Дебарца Игор Трајкоски. Тој потенцираше дека за 16 години поминати во општина Дебарца сведоци сме на несовесно работење од страна на градоначалникот Којчиноски, поради што денеска оваа општина е една од најслабо развиените во Р Македонија.„Со ваков пристап СДСМ упорно продолжува понатаму давајќи му ја добербата на кандидатот за градоначалник на човек кој не направил ништо во изминативе две...
Трајкоски најави сигурна победа на ДПМНЕ во Дебрца во вториот круг
Post Views: 18 Иако доживеа минимален пораз со разлика од 61 глас во првиот круг, Игор Трајкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Дебрца задоволен од постигнатото. „Им честитам за храброста на моите дебрчани што прв пат по децентрализацијата во Дебрца гласаа за да победи духот за подоброто.“-изјави Трајкоски. Тој рече дека фактот што се оди во втор круг на гласање во Дебрца е доказ дека таму може да се оствари нова власт за подобра Дебрца.„Би сакал да им изразам благодарност на сите кои во Игор Трајкоски, неговиот тим и во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ препознаа...
Завршна пресс конференција на Сојузот за иднината
Post Views: 14 Александар Петрески, кандидатот за градоначалник од коалицијата Сојуз за иднината денес на завршното официјално обраќање пред новинарите, даде генерална оценка за кампањеата која се водеше во изминатите две недели. Тој рече дека ова е најлошата кампања која досега се спровела и дека нивните опоненти не бирале средства и начини за заплашување на граѓаните. Петрески вети дека првото утринско кафе во новиот мандат ќе го испие со новинарите, а мандатот ќе го потпише со пенкалото кое денес му го подарија членовите од неговиот тим. Кандидатот за градоначалник од...
Сашо Јанковски со визија за промена на Општина Вевчани
Post Views: 20 Сашо Јанковски кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од Коалицијата Сојуз за иднината, посочи дека во оваа изборна кампања, настапиле со програма и проекти во кои се содржани ставовите и мислењата на вевчанци.„Во оваа предизборна кампања, ние настапивме како што му личи на вевчанскиот народ, достоинствено, храбро и принципиелно“ истакна Сашо Јанковски кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од Коалицијата Сојуз за иднината. Тој на денешното негово завршно обраќање објасни дека програмата и проектите кои се во неа содржани во себе пред се ги содржи...
Васил Ристески: „Гласајте со своето срце“
Post Views: 33 Кандидатот за градоначалник на Охрид поддржан од Социјал демократската унија на пoследната прес конференција пред почетокот на изборнит молк, истакна дека верува оти овој пат ќе можат сите да заборават на миг на политичката или партиска припадност бидеќи ова се локални избори и дека неговите сограѓани ќе се определат според индивидуалните квалитети и спред веројатноста, можностите и претпоставките кој навстина може најсоодветно да одоговори на функцијата градоначалник и советниците за доброто на сите граѓани за поубав Охрид.„Треба секогаш да имате на ум дека...
Искршен штаб на Сојузот за иднината во населбата Воска
Post Views: 12 Портпаролот и кандидат за советник од Сојузот за иднината, Дејан Блажески вели дека и во гладијаторските борби постојат правила кои треба да се почитуваат. Тој смета дека во Република Македонија нема политичка зрелост и почитување на најсветото. „Притисоците и заканите продолжуваат и понатака. Изминатава ноќ демолиран е штаб на Сојузот за иднината во населбата Воска. Случајот е пријавен во охридската полиција, истражните органи биле на местото на настанот, направен е записник и како Сојуз за иднината бараме брзо расветлување на настанот. Затоа ви го приложувам...
Станкоски:„Владата многу ветуваше, но ништо не направи“
Post Views: 12 „ДПМНЕ за оваа изборна кампања, за овие локални избори го избра најнесреќниот и најироничниот слоган. Им порачуваат на граѓаните да изберат дела“, истакна кандидатот за советник Јоне Станкоски. Тој јавно запраша кои дела ги направила владата за Охрид, за да можат граѓаните да изберат. При тоа Станковски посебно се осфрна на најавите за изградба на спортската инфраструктура. „Ветија изградба на фудбалски игралиша во Косел и Лескоец. Ветија изградба на спортски сали во училиштата ЕМУЦ Св. Наум Охридски, угостителското училиште Ванчо Питошески и ОУ Христо Узунов, но...
Поврзување на Охрид со градови од соседните држави-најави кандидатот за градоначалник Ристески
Post Views: 23 Збратимување на Охрид со градовите од соседните држави во најбрз можен рок. Ова го најави кандидатот за градоначалник, Васил Ристески. Тирана, Драч, Солун, Атина, Софија, Пловдив, Белград, Ниш. Овие, но и соработка со многу други градови од Европа и пошироко доколку тој седне во градоначалничката фотелја. Ваквата соработка, според Ристески ќе значи сериозно поттикнување на развојот на стопанството во Охрид.„Тоа ќе биде секако дополнителен инпут или дополнителна инфузија за севкупниот стопански развој на Охрид, пред се на туризмот како примарна стопанска гранка, а и...







