Ознака: кандидатот
Post Views: 17 Охрид како туристички центар на ова место требаше да има препознатлив објект, рече кандидатот за градоначалник, Никола Бакарачески, на прес конференцијата одржана на автобуската станица. Во 2009 година е дадено ветување дека на ова место ќе се изгради модерна автобуска станица, но тоа е само лажно ветување кое не е одржано, потенцираше Бакрачески.„ Ова е едно најгрдите лица на градот, гледате дека таа е место каде нема неуредена јавна површина, каливи премини, дупки, оставени торби насекаде околу така наречената автобуска станица. Ова е место кое го дава најлошиот...
Само жената може да ги зближи и политичките ривали
Post Views: 20 Неочекувани гости во изборната канцеларија на ВМРО ДПМНЕ . Александар Петрески, кандидатот за градоначалник од СДСМ, заедно со својот тим, со цвеќе в раце во посета на својот противкандидат. Целта на посетата им беше на припадничките на понежниот пол од тимот на Никола Бакрачески да им го честитаат денешниот празник, 8ми март. Домаќините видно изненадени брзо се созедоа и го покажаа своето гостопримство. Атмосферата која се создаде беше многу пријатна и опуштена па за момент се подзаборави на изборната трка и политичките препукувања. Кандидатот за градоначалник...
Бакрачески ветува многу проекти за развој на спортот во Охрид
Post Views: 20 Доколку д-р Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата победи на престојните локални избори ветува дека ќе направи се за нашиот град да се развие во туристичка, спортска и рекреативна смисла. „Долго време Охрид е во исчекување на неопходни објекти кои ќе му дадат препознатлива димензија. Во насока на развојот на спортот по моето доѓање на позицијата градоначалник како прв најзначаен проект кој ќе го реализираме ќе биде изградба на долго очекуваниот и долговетуваниот затворен олимписки базен, кој ќе се гради според сите меѓународни...
ВМРО ДПМНЕ ја започна изборната трка
Post Views: 13 „Започна големата кампања за овие локални избори со која што ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе ја означат победата“, истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески. Тој искажа посебно гордост што на денешната пресс конференција со него беше и групата на советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за која што рече дека и верува и е убеден дека се најдобриот тим кој било кога е назначен во историјата на Охрид . Бакрачески истакна дека негова огромна желба и надеж е изборите да бидат мирни, достоинствени, фер и демократски,...
Премиерот Груевски дециден, нема предвремени парламентарни избори
Post Views: 21 „Ако Бранко сака избори и ако сака мерења на довербата, има мегдан и тоа многу брзо.“ Вака порача премиерот Никола Груевски на вчерашната промоција на нивната програма за настап на престојните локални избори. Груевски го обвини лидерот на социјал-демократите, Бранко Црвенковски дека исценирал инцидент со кој опозицијата би добила алиби за спас од локалните избори. Премиерот уште еднаш дециден околу барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните.„Утре ќе сме кажеле ќе има предвремени избори, прифаќаме. Јас не знам...
ВМРО ДПМНЕ ја промовираше изборната програма за локалните избори
Post Views: 15 Синоќа во преполнатата сала на центарот за култура и уште поголемиот број граѓани пред киното, кои настанот го следеа на видео бимови, визијата за тоа во која насока треба да се движи Охрид, ја кажаа премиерот на Владата на Р Македонија – Никола Груевски и кандидатот за градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ д-р Никола Бакрачески.„Д-р Бакрачески целиот живот им помага на луѓето. Тој само тоа знае да го прави. Убеден сум дека и како градоначалник ќе го прави тоа“, истакна премиерот преставувајќи го кандидатот за градоначалник. Груевски во своето обраќање...
Кандидатот за градоначалник на Вевчани Цветомир Угриноски, ја претстави својата програма
Post Views: 25 ВМРО ДПМНЕ синоќа во Вевчани, го престави својот кандидат за градоначалник и неговата програмата за престојните локални избори. На конвенцијата прв пред присутните се обрати вице премиерот по економски прашања во владата на Р Македонија Владимир Пешевски. „Имам чест да ви се обратам од местото што е синоним за непокорот на Македонија“,го започна својот говор Пешевски и додаде дека Вевчанци најдобро знаат дека човек вреди ако зад себе остави дела. Токму поради тоа додаде вицепремиерот ВМРО ДПМНЕ работи за да оставиме дела кои граѓаните ќе може да ги...
Д-р Бакрачески: Време е за градење подобар Охрид
Post Views: 16 „Дојде време да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани“. Со овие зборови, кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачески ја започна денешната прес конференција, на која порача дека време е да се обезбеди пристоен живот за сите охриѓани. Д-р Бакрачески најави дека програмата која тој и неговата партија ја подготвиле за Охрид, неизбежно води кон тоа.„Ние кои што живееме во Охрид ја имаме таа привилегија да бидеме заробени од неговата духовна аура и безгранично го сакаме. Но тоа не е доволно. Да се сака Охрид, значи неуморно да се...






