Ознака: “костал“
Post Views: 197 Се проширува Костал во Охрид. Германската инвестиција ги прошири своите погони, градејќи нови хали и канцеларии во Косел кај поранешен ЕМО. Заврши првиот циклус на инвестиции, а веќе е потпишан договорот за втората фаза од инвестицијата, која ќе изнесува над 40 милиони евра. „Ние како држава ќе продолжиме и понатаму да ги привлекуваме странските инвеститори тие да соработуваат со домашните компании. Но такви странски инвеститори кои што ќе вработуваат луѓе со високо образование ќе отвораат високо платени работни места. Денеска слушнавме дека 42% од...
Доделени сертификати на професори од ЕМУЦ за обука во Костал
Post Views: 220 Доделени сертификати на професори од ЕМУЦ Св. Наум Охридски за реализирана обука во групацијата Костал. Со поддршка на Локалната Самоуправа и Швајцарската агенција за развој се овозможи обука „Напредни технологии во автомобилскиот сектор“. Обучените професори знаењето и искуството ќе го пренесат понатаму на нивните ученици. Со тоа ќе се заштеди време и средства, а учениците покрај добиеното теоретско знаење ќе се надградуваат и со практична обука, ќе се подготвуват за реалниот свет, кажа градоначалникот Кирил Пецаков, заблагодарувајќи се на сите учесници во...
Градоначалникот Пецаков и дел од советниците во посета на „Костал“
Post Views: 276 На покана на компанијата „КОСТАЛ“, градоначалникот Кирил Пецаков и дел од советниците од Советот на Општина Охрид беа во посета на компанијата.Генералниот директор на „КОСТАЛ“, Виктор Мизо, ги запозна присутните со историјата на компанијата, финансиското работење и со производите што се произведуваат во компанијата во Охрид. После презентацијата се изврши обиколка низ производствените линии каде градоначалникот и советниците одблиску се запознаа со начинот и динамиката на производствените капацитети на компанијата.На крајот од средбата заедно беше...
Германскиот гигант Костал, денес потпиша договор со кој ја официјализираше најавената инвестиција во ТИРЗ Струга
Post Views: 298 Германскиот гигант Костал денес го потпиша договорот со кој официјално ја потврди инвестицијата во технолошко-индустриската развојна зона помеѓу Охрид и Струга. Оваа 50 милиони вредна инвестиција треба да овозможи вработување на 1000 нови работни места. Охридскиот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека денес го оствариле ветувањето дадено минатата пролет за оваа втора голема инвестиција во Охридско-струшкиот регион. „Ќе се отворат работни места за повеќе видови на струки и квалификации и со средно и со високо образование, значи...
„ОДВ“ и „Костал“ најавени како спас на охридската економија
Post Views: 259 Отпочнувањето со работа на „ODV-ELEKTRIK“ во индустриската зона „Охрид-Струга“ и Автомибилскиот гигант „Костал“ во еден од погоните на „ЕМО“се очекува да бидат спас на локалната економија во нашиов град. Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека наскоро треба да започнат градежните работи во индустриската зона „Охрид-Струга“ на новите производствени погони на „ODV-ELEKTRIK“, каде веќе се вработени 75 лица.„Во овој момент тече постапка за ангажирање на уште десеттина лица, а на 24-ти јули според најавите на менаџментот на „ODV-ELEKTRIK“ ќе започнат градежните...
Објектите на некогашните охридските гиганти интересни за потенцијалните инвеститори
Post Views: 257 Отекс, Лихнида, Застава, Емо, Братство, Езерка. Ова се само дел од погоните на некогашните индустриски гиганти од градов кои се наоѓаат на регистарот на Агенцијата за странски инвестиции, а кои се нудат на потенцијалните инвеститори како можност за браунфилд инвестиции. Новонајавената инвестиција на германската компанија „Костал“, како и почнувањето со работа на ОДВ електрик исто така во постоечки објект, според директорот на дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, е само реализација на идејата за искористување на постоечките капацитети...
Германски “Костал“ потврди доаѓа во Охрид
Post Views: 261 Германски „Костал“ доаѓа во Охрид. Оваа компанија е водечки извозник на технолошко – напредни производи од делот на електрониката, електромеханиката и мехатрониката за автомобилската и други сродни индустрии. Инвестицискиот план на “Костал“ за Охрид, се поклопува со локалната стратегија за економски развој на градот. Во почетокот на 2015-та година ќе почне како браунфилд инвестиција во некој од постоечките стопански објекти во Охрид, за по две години да се трансформира во целосна гринфилд инвестиција во ТИРЗ Охрид- Струга, најави охридскиот градоначалник...