Skip to main content

Ознака: кралев

Проблематичен старт на учебната година во Струга

Post Views: 226 Долговите за транспорт, струја и огрев го доведоа во прашање успешниот почеток на учебната година во струшките училишта. Џеми Хајредини, раководителот на секторот за образование при општина Струга, вели дека станува збор за долгови од 2009 година до денес, долгови кои се акумулирале како резултат на драстичното намалување на наменските средства кои општините ги добиваат од страна на Министерството за образование.„ Им должиме на снабдувачите со нафта големи суми на пари и тие сега преку суд ни ги земаат од сметките на училиштата. Тоа значи дека на неколку основни...

Продолжи со читање

Собранието на Р.М утре ќе гласа за кадровски промени во неколку министерства

Post Views: 387 Нова реконструкција во владиниот кабинет. Ќе се менуваат министрите во неколку министерства, од кои секако најзвучната промена ќе се случи во министерството за образование. Досегашниот министер за образование, Панче Кралев, поради лични и семејни причини поднесол оставка до премиерот на Република Македонија, Никола Груевски. Како што пренесуваат националните медиуми, Кралев оставката до премиерот ја поднесол  уште во месец Април, а функцијата министер за образование ја извршуваше од месец Јули 2009та година. Според информации од владата, Кралев во иднина ќе му...

Продолжи со читање

Во сабота на училиште

Post Views: 255 Министерството за образование и наука мината недела ги извести сите општини каде наставата беше во прекин да изработат план за одработување на изгубените денови со препорака истите да бидат во неработните денови, односно во саботите и за тоа писмено да го известат Министерството и државниот просветен инспекторат, изјави вчера Министерот за образование и наука Панче Кралев. До крајот на учебната година има уште 10 саботи кога може да се одработат деновите, не вклучувајќи ги празниците. -Во случај да постојат објективни причини едно училиште да не може да го...

Продолжи со читање

Софтвер против плагијати

Post Views: 482 Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска го промовираше софтверот за откривање на плагијати. -Системот за анализа и пронаоѓање на плагијати во трудови овозможува лесно и ефикасно откривање на трудови, кои во целост или во свој интегрален дел можат да претставуваат плагијати на некои веќе објавени, оценувани или презентирани трудови. Во системот ќе се внесуваат сите видови на трудови, од семинарски работи на студенти преку дипломски, магистерски, докторски дисертации, научни и стручни трудови, па се до универзитетски скрипти и учебници. Корисници во...

Продолжи со читање

Пролонгиран почетокот на наставата

Post Views: 225 Министерството за образование и наука издаде препорака до општините, наместо во петок, почетокот на наставата да стартува од понеделник.Поради ниските температури, голем број општини и училишта побараа пролонгирање на наставата. МОН со цел да им излезе во пресрет ја донесе оваа препорака, учениците да започнат со настава од понеделник.Како што истакна министерот Панче Кралев, овие три дена ќе се надокнадат во месец април, кога температурите ќе бидат повисоки.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Кралев: Матурантите од 2013 ќе полагаат 4 екстерни предмети

Post Views: 216 Матурантите од учебната 2013-2014 година ќе полагаат четири екстерни предмети, за чиј избор дополнително ќе се одлучи во консултации со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и пошироката јавност, рече Панче Кралев, министер за образование и наука.“Од учебната 2013-2014 година ќе се полагаат само четири екстерни предмети од државната матура. На овој чекор се одлучивме целиот систем да има доволно време за неопходни подготовки“, рече Кралев. Според министерот, идејата за ова е услогласување на заложбите од аспект на стекнување на знаења од...

Продолжи со читање

Учениците останаа без продолжен летен распуст

Post Views: 241 Не се оствари желбата на учениците за продолжен летен распуст – учебната година ќе почне точно на 1 септември. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука, Панче Кралев и министерот за здравство, Никола Тодоров.Првите луѓе на министерствата за образование и за здравство имале работна средба во поширок состав со  членови на Хидрометеоролошки завод, и велат дека Македонија в четврток, 1 септември ќе биде со пониски температури, што не би требало да претставува никаков проблем за отпочнување на учебната година на време.– Од...

Продолжи со читање

Министерот за образование, Панче Кралев денес прошета по училиштата во Струга

Post Views: 554   Целосно ќе се реконструира Основното општинско училиште Јосип Броз-Тито во Струга. Ова денес го најави министерот за образование, Панче Кралев. Тој го посети ова училиште со цел да види какви се условите во кои се одвива наставата. Кралев рече дека набрзо ќе бидат заменети прозорците, подовите и кровната конструкција во ова училиште.Министерот нагласи дека и во програмата на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Владимир Кочоски предвидени се инвестиции во делот на образованието. Кралев подвлече дека само со заедничко делување на Владата и Локалната...

Продолжи со читање

Министерот за образование се сретна со новите професори во „Св. Апостол Павле“

Post Views: 522 Министерот за образование и наука, Панче Кралев, работно во Охрид. Тој го посети Универзитетот за информатички науки и технологии, „Свети Апостол Павле“, каде оствари средби со новите странски професори кои ќе предаваат во рамките на овој Универзитет. Се работи за вкупно петмина нови професори, односно тројца американски и по еден професор од Иран и Италија. Тие разговарале за нивните очекувања од годината што претстои, но и за новите програми кои евентуално би се вовеле на овој универзитет.„Од самите разговори понатаму планираме тоа да биде континуирана...

Продолжи со читање

Камп на мултикултурата

Post Views: 418 Министерот за образование и наука Панче Кралев, денес во Охрид. Тој ги посети учениците и наставниот кадар во кампот на мултикултурата, кој од 29 ти септември годинава се оддржува во  хотел „Метропол“, во Охрид. Целта на проектот е да се промовира интегрираното образование во Р. Македонија, рече министерот за образование и наука Панче Кралев. Додаде дека кампови од ваков тип за прв пат се организираат во земјава и очекува проширување на иницијативата и на регионално и пошироко ниво. „Тоа што го видов овде морам да кажам дека сум импресиониран, така да вакви...

Продолжи со читање

Гаснат селските основни училишта

Post Views: 523 Во последниве неколку години, во нашата земја згаснале околу дваесет основни училишта. Ова e показател дека од година во година драстично се намалува бројот на учениците. Секако најзагрозени се училиштата од руралните средини. Експертите велат дека оваа појава пак, од друга страна може да доведе до иселување на младата популација и целосно замирање на животот во овие општини. Министерот за образование, Панче Кралев истакна дека  Министерството за образование и наука, не е она кое одлучува дали одредено училиште ќе се затвори, додава дека тоа е одлука која ја носи...

Продолжи со читање

Продолжуваат зафатите на објектот на Универзитетот „Св.Апостол Павле“

Post Views: 580 Министерот за образование Панче Кралев, при посетата на УИНТ „Св.Апостол Павле“ информира дека завршен е првиот дел од постапката за доградба на објектот каде е сместен универзитетот. Уредувањето на просторот од поранешната касарна ќе почека за следната година, кажа Министерот Кралев.„Реконструкцијата на касарната останува, тоа ќе се реализира следната година, монетално се изготвува проектната документација. Во прва фаза да се заокружи моменталниот објект на „Св. Апостол Павле“. Тој објект е предмет на оваа постапка, а реконструкцијата на касарната ќе следи ...

Продолжи со читање