Охридските стрелачи со солидни резултати од Купот во стрелање во Штип
Post Views: 43 Пионерите и пионерките од охридскиот стрелачки клуб се вратија со одлични пласмани од стрелиштето во Штип. Третиот по ред Куп во стрелање со воздушно оружје кој е дел од националната програма е настанот од кој охриѓани се вратија со три места на подиумот. Таму, во поединечна конкуренција со второ место се закити пионерката Симеона Милеска и резултат од 160 кругови, трето место кај пионерките освои Марија Магдалена Шишкоска со резултат од 156 кругови, додека кај пионерите, единствениот учесник, Петрит Аголи мораше да се задоволи со трето освоено место и резултат од...



