Ознака: лице
Post Views: 356 Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека започна со наплатата на радиодифузната такса со доставување на решенија за јануари 2011 г. Новиот начин на плаќање се состои во тоа што целокупната постапка за наплата ќе ја врши Управата за јавни приходи, наместо како досега ЈП Македонска радиотелевизија.Од УЈП наведуваат дека радиодифузната такса ќе треба да се плати најдоцна до 15-ти во месецот, во спротивно ќе се пресметува камата од 0,03% на износот кој нема да биде платен во законскиот рок и тоа за секој ден задоцнување.Обврска да плаќа радиодифузна такса во...
Ќе се пуши ли за Нова Година?!
Post Views: 265 Засилени контроли низ угостителите објекти за време на празниците најавува Пазарниот инспекторат за да утврди дали и колку се почитува забраната за пушење. Една година по донесувањето на Законот граѓаните и угостителите се поделени за ефектите на веројатно најкритикуваниот правен акт досега. Според нив Законот бил целосно промашување и селективно се применувал. Но власта не попушта.– Нема олабавување. Ниту еден празник не може да биде над Законот. Тој важи и во делници и во празници. За Нова година ќе има и повеќе инспектори на терен, бидејќи кога има...
Кој сака да го занемари Законот за заштита од пушење
Post Views: 282 Летово направени 100 надзори од страна на општинскиот пазарен инспекторат во врска со спроведувањето на Законот за заштита од пушење. На триесеттина прекршители изречени им се казни во висина од 2000 евра за правно лице и 500 евра за физичко лице. Ѓорѓи Бошалески, раководителот на општинскиот пазарен инспекторат вели дека нема отстапување и дека и понатаму ригорозно ќе го спроведуваат Законот за заштита од пушење. Контролите се прават секојдневно и тоа не само по угостителските објекти, туку и во сите трговски и занаетчиски објекти, бутици, продавници и сите...
Резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни
Post Views: 371 Деновиве информацијата за нападот на вработен во Проаква пред чуварската барака на ЈП на ул . „Сирма Војвода“ ја вознемири охридската јавност. Дел од граѓаните отворено прашуваат колку резервоарите за водоснабдување во градов се безбедни кога може да се дрзне некој на сред бел ден да изврши напад на чуварот во истите. Местата каде што се сместени резервоарите за водоснабдување во Охрид се безбедни, тврди директорот на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид, Томе Паскалоски.„Континуирано има обезбедување на сите објекти 24 часа, се работи во смени, сите се обезбедени со...
Директорот на Градски пазар комуницира со СМС и преписки
Post Views: 263 Од ЈП Градски пазар денеска со допис одговорија на прашањата кои вчера во прилог во Дневникот на ТВМ беа поставени јавно до директорот Тони Коталески а во врска со работењето на претпријатието. На прашањето колку врабoтени од претпријтието моментално се на принуден одмор, од таму со одговор дека во моментов 8 вработени ја користат можноста за привремен принуден одмор, и тоа 3 лица од администрација, 1 лице наплатувач на паркинг, 2 лица инкасатори на зелен пазар и 2 лица општ комунален работник, и тоа по нивно барање. Претпријатието им излегло во пресрет на...
Полицијата трага по сторителот на двојното убиство во Охрид
Post Views: 208 Едно лице е приведено а едно е во бегство по синоќа извршеното кривично дело „Убиство“ во Охрид. Синоќа околу 23 часот во летната тераса од угостителскиот објект „Император“ лоциран на улицата „15 корпус“, триесет годишен охриѓанец кој е во бегство, со неколку проектили од огнено оружје-пиштол кое нелегално го поседувал тешко повредил две лица кои биле во локалот, информираат од СВР Охрид.Повредените Васил Р. (56) и Ромео Ѓ. (38) двајцата од Охрид, со возило на прва помош се пренесени во Оштата болница во Охрид каде била констатирана смрт. СВР Охрид синоќа од...
Метросексулците „out“. Ретросексулаците „inn“
Post Views: 268 Текстот не се однесува на секс. Оние кои и после оваа забелешка ќе продолжат да читаат (сите тројца) ќе дознаат дека алфа мажите се враќаат во мода. Поради економската криза господата ги игнорираат помадите и маникирот, соопшти весникот “Дејли експрес”.Мажите се откажуваат од метросексуалниот идеал и се насочуваат кон брадата и грубиот изглед. Новиот маж е “ретросексуален”.Неговo олицетворениe е актерoт Хју Лори. Минатиот месец Лори стана лице на серија козметички производи за мажи на “L’Oreal”. Тој призна дека улогата на...
Првото македонско улично списание „Лице в Лице“ пристигна и на охридските улици
Post Views: 262 „Купувајќи го списанието „Лице в лице“ им помагате на многумина, читајќи го „Лице в лице“ си помагате себеси.“ Ова е слоганот на првото македонско улично списание „Лице в лице“ кое од денес конечно може да се купи и низ охридските улици. Ова списание обработува најразлични теми, од екологија, социјала, здравство, култура, но сите тие видени од гледна точка на граѓанинот. „Лице в лице“ ќе го продаваат граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик, и кои со продажбата на истото чесно ќе заработуваат.„Она што го прави специфично „Лице в Лице е тоа што се обидува да го...
Крвава тепачка на тинејџери во Охрид
Post Views: 266 15 тинејџери од Скопје физички се пресметувале синоќа на Kеј Маршал Тито . 10 минути после полноќ дошло до тепачка меѓу две групи тинејџери од Скопје, во која на едно лице му биле нанесени убодни рани од нож. Избодениот тинејџер бил пренесен во Медицински центар Охрид, каде му била извршена хируршка интервенција и е задржан на понатамошно лекување. СВР го потврдува настанот. Портпаролот Стефан Димоски вели дека веднаш излегле на лице место на настанот и презеле активности за расветлување на случајот што резултирало со откривање на сторителите.„Во текот на...
Во охридско пронајдени гранати од Прва светска војна
Post Views: 252 Тринаесет артилериски гранати се пронајдени во Лескоец, охридско. До нив дошле работниците на скопската фирма Вардар вчера при вршење ископ за поставување на фекалната канализација во ова село. Тие веднаш прекинале со работа и случајот го пријавиле во полиција. Љупчо Прескакулов, од Дирекцијата за заштита и спасување вели дека веднаш после укажувањето од охридскиот сектор за внатрешни работи екипи излегле на лице место и ги извршиле сите потребни активности за детектирање и деактивирање на убојните средства. Според него станува збор за неексплодирани гранати со...
Слаб интерес за згрижувачки семејства воОхрид
Post Views: 293 Во тек е кампањата на Министерството за труд и социјална политика „На секое дете му е потребно семејство“. За таа намена охридскиот Центар за социјални работи изготви акционен план за спроведување на владината кампања, во кој предвидено било настап на медиумите како и трибини во населените места во градов и руралните средини, вели Гордана Атанасова од Центарот. Планот се изготвувал со цел народот да се запознае со условите и критериумите како едно семејство да пројави интерес да биде згрижувачко, додава таа. „Во Охрид засега имаме две згрижувачки семејства,...
Владини субвенции за работодавачите што ќе вработат приматели на социјална помош
Post Views: 273 Примателите на социјална парична помош кои активно бараат работа преку Центрите за вработување, добиваат можност за вработување преку новата мерка за субвенционирање на работодавачи кои ќе вработат невработени лица од оваа категорија. Примателите на социјална парична помош за оваа мерка можат да поднесат пријава до подрачниот Центар за вработување и со тоа да се вклучат во оваа активна мерка. Огласот за истата беше објавен на 5ти Јули, а крајниот рок за пријавување истекува на 25 Јули 2014 година. „Самата субвенција се состои во тоа што се обезбедуваат од буџетот...