Skip to main content

Ознака: лице

Момче од кочанско се удави во Охридското Езеро

Post Views: 276 Младо момче се удави во водите на Охридското Езеро. Безживотното тело било забележано утрово во 7 часот и 20 минути од страна на случаен минувач и за тоа веднаш била известена П.С. Во Охрид. Од страна на надлежните служби излезено е на терен и преземени се сите мерки кои полициските службеници ги преземаат кога станува збор за ваков трагичен настан, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. „Она што можам посебно да го потенцирам во овој момент е дека се работи интензивно на идентификацијата на безживотното тело, значи полициските службеници посветуваат...

Продолжи со читање

Непознат идентитетот на давеникот чие тело беше пронајдено утрово

Post Views: 266 Телото е видено од граѓанин на оддалеченост од околу 5 метри од платформата на еден угостителски објект во централното градско подрачје каде длабочината на езерската вода е околу 2 метри. Се работи за машко лице од близу 25 годишна возраст, со кратка коса и висина од 180 сантиметри. Во моментот на пронаоѓањето бил облечен во сини фармерки во кои имало еден клуч, најк патики, бела кошула со долги ракави а под неа германски спортски дрес. На местото на настанот увид изврши јавен обвинител и полициски екипи. На безживотното тело не се забележани траги на насилство а...

Продолжи со читање

Студентите од летната школа за архитектура се запознаваат со архитектонските црти на Охрид

Post Views: 270 33 студенти од 9 различни земји дел од годинешната летна школа за архитектура. Студентите од Полска, Украина, Русија, Словенија, Хрватска, Србија, Велика Британија и Република Македонија деновиве како дел од школата се запознаваат со карактеристичните архитектонски црти на градов. Главни предавачи на школата се еминентните јапонски архитекти од Токио, Јошихару Цукамото и Момојо Каиџима, како и хрватските архитекти Винко Пенезиќ и Крешимир Регина. Овогодинешната тема на летната школа е насловена како „Преобликување на метаболизмот“, а тоа е дел од современата...

Продолжи со читање

Две лица загинаа во сообраќајна незгода кај Требеништа

Post Views: 273 Синоќа неколку минути после полноќ се случи тешка сообраќајна незгода на патниот правец Кичево – Охрид кај селото Требеништа. Во сообраќајната незгода учествувало едно патничко моторно возило, марка мерцедес со швајцарски регистарски таблички. Во возилото биле две лица кои на лице место ги загубиле своите животи.  Според СВР Охрид, сообраќајната незгода се случила во момент кога еден од починатите управувајќи го возилото изгубил контрола над возилото, по што возилото удирло на десната страна во заштитниот браник и излетало од коловозната лента. Потоа возилото се...

Продолжи со читање

Тешка сообраќајка кај Требеништа

Post Views: 304 На 06.06.2014 година во 00,30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Требеништа, охридско.На 06.06.2014 година во 00,30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, кај с.Требеништа, охридско се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, при што возачот изгубил конрола над истото, удрил во електричен браник и излетал од патот. Во незгодата на лице место починати се две лица од возилото чиј идентитет дополнително ќе биде утврден.{loadposition content9}

Продолжи со читање

Обид за силување и разбојништво во Охрид

Post Views: 338 СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ(34) од с.Белчишта, охридско, за сторено кривично дело „силување“.На 02.05.2014 година, околу 23,30 часот во Охрид, пријавениот ја довел во заблуда оштетена, деветнаесет годишно лице од Охрид дека ќе и помогне дека ќе го пронајде непознатото лице кое претходно со измама и го зел нејзиниот мобилен телефон. Двете лица се качиле во такси возило и се упатиле кон ул. „Сирма Војвода“ по што заминале во блиската борова шума каде пријавениот извршил полови дејствија над оштетената.СВР Охрид поднесе кривична пријава против...

Продолжи со читање

ТВМ вработува

Post Views: 260 ТВМ ТелевизијА има потреба од лице за: – планирање, управување и анализа на платени органски кампањи на социјалните медиуми; – идентификација на целната публика и развивање стратегии за зголемување на конверзијата на социјалните медиуми; – оптимизација на веб страната на ТВМ   Услови за аплицирање: – одлично познавање на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, Twitter); – одлично познавање на Google Analytics, Google Ads и Facebook Business Manager; – одлично познавање на SEO; – напредни компјутерски...

Продолжи со читање

Работодавачите, МПИН пресметките да ги достават до 10-ти април

Post Views: 257 Почнувајќи од 13.03.2014 година, согласно законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, работодавачите од приватен сектор кои ќе вработат невработено лице до 29 години возраст со полно работно време имаат право на ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување во рок од 12 месеци од вработувањето на лицето. Работодавачите можат да го искористат ова право започнувајќи со поднесувањето на МПИН пресметките за месец Март, кои се поднесуваат до 10 Април 2014 година.За да може работодавачот од приватниот сектор да поднесе...

Продолжи со читање

Охриѓанец се жали на несоодветен третман и однос на полицијата

Post Views: 275 Охриѓанецот, Борис Спироски  се жали на несоодветен третман и однос на полицијата. Вчера во попладневните часови  заблежал како некој човек го слика неговото возило паркирано пред хотел Дипломат.  Прашал кој е човекот и зошто слика бидејќи возилото му било скоро купено се зачудил да не е нешто украдено. Човекот кој претходно го фотографираше  возилото крајно недолично ми се обрати, а јас му се заканив дека ќе го пријавам во полиција, раскажува за случката Спироски.„ Од кога го направи тоа, а јас ја запалив колата изваде значка од 4-5 метра и рече јас сум инспектор...

Продолжи со читање

Кабелски оператор од Охрид заработи кривична пријава

Post Views: 348 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против едно правно лице и неговиот сопственик, 60- годишен охриѓанец.На 29-ти минатиот месец, кај правното лице-кабелска телевизија,  лоцирана во трговскиот центар “Охриѓанка“, пронајдени биле и одземени триесет и три дигитални ресивери со кои, пријавените со намера да прибават противправна имотна корист преку кабелска мрежа неовластено дистрибуирале и ставале на располагање на јавноста...

Продолжи со читање

Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони

Post Views: 277 Охриѓани незадоволни од квалитетот на мобилните телефони. Тие во годината што измина до одделението на државниот пазарен инспекторат поднеле 94 пријави и преставки по овој однос.  Граѓаните кои ги анкетиравме за среќа немале некое поголемо лошо искуство со ваква неквалитетна стока.Граѓаните кои реагирале до пазарниот инспекторат се пожалиле и на надминувањето на работното време во некои кафулиња низ градов, на неиздавање фискални сметки, а незадоволство покажале и на квалитетот на одредени апарати за домакинство како што се електрични шпорети, машини за перење и...

Продолжи со читање

Блажески контра Спасески

Post Views: 317 Секретарот на општината Димитар Спасески денес јавно му се обрати на советникот од редовите на ЛДП, Дејан Блажески во врска со обвинувањата упатени на негова адреса, а поврзани со поставувањето на лизгалиштето на градскиот плоштад. Јас веќе стапив во контакт со мојот адвокат и против Блажески ќе поднесам пријава за клевета бидејќи ништо од неговите обвинувања каде се спомнува моето име не е точно, изјави Спасески.За оправданоста на воведувањето на ваквата анимациска содржина на плоштадот,  вели Спасески доволно зборуваат бројките на посетеност на лизгалиштето од...

Продолжи со читање